Без возачка дозвола превезувале питбул повреден во борба, уапсени деветнаесетгодишник и двајца 17-годишници


pitbul-830x0.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На локалниот пат кон село Камењане доцна синоќа полицијата сопрела „голф“ со тетовски регистарски таблички управував од 19-годишниот А.Д. кој немал возачка дозвола, а во багажникот превезувал повредно куче.


„При преглед во багажникот на возилото е пронајдено повредено куче од расата питбул, за кое лицата во возилото изјавиле дека е повредено при борба со кучиња во селото Камењане. Заедно со возачот, лишени од слобода се и двајца 17- годишни сопатници од село Желино“, соопшти МВР.

За повреденото куче полицијата известила ветеринарен инспектор. Се преземаат мерки за лекување на животното и документирање на случајот. Лицата заедно со возилото се задржани во полициска станица и по документирање на случајот МВР најави соодветен поднесок.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK