Израелската армија со порака: Драги ирански граѓани, ве молиме не користете возови до 21:00 часот


depositphotos_184498282_s.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелската армија ги предупреди иранските граѓани да не користат возови, наведувајќи дека така „ги загрозуваат сопствените животи“.


Каналот на персиски јазик на израелската армија на мрежата X издаде, како што велат, „итно предупредување до корисниците и патниците во возовите во Иран“.

„Драги граѓани, за ваша безбедност, ве молиме од сега до 21:00 часот по иранско време, да избегнуваме користење возови и патување со нив низ целиот Иран. Вашето присуство во возовите и во близина на железничките пруги го загрозува вашиот живот“, соопшти армијата.

Вчера, министерот за одбрана Израел Кац рече дека на израелската војска ѝ е наредено „да продолжи да ја напаѓа националната инфраструктура на иранскиот терористички режим со полна сила“.

 

фото/Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK