Принцезата Кејт Мидлтон и принцот Вилијам неодамна ги привлекоа погледите за време на велигденската миса.
View this post on Instagram
Кралскиот пар присуствуваше на овој важен настан со своите деца, а вниманието на јавноста, покрај Кејт Мидлтон, го привлече и принцезата Шарлот.
Судејќи според фотографиите, мајката и ќерката беа модно искоординирани, а нивното појавување во јавноста беше вистински рај за очите на многу естети.
Кејт за оваа пригода избра кремаст комплет од брендот Self-Portrait, составен од подолго здолниште и тесно сако, додека Шарлот носеше палто од гореспоменатиот дизајнер.
View this post on Instagram
Не треба да се изостави ниту синиот фустан кој совршено одговараше на оваа комбинација. Таа го надополни изгледот со балетанки од брендот Тори Бурч, кои се вистински моден тренд оваа година.
View this post on Instagram
Модна икона уште од детството
„Принцезата Шарлот стана еден вид модна икона на безвременски стил инспириран од наследството“, изјави стилистката Шарлот Кили за Hello.
View this post on Instagram
„Нејзините комбинации се секогаш убави и ги избегнуваат актуелните трендови, а изгледот е надополнет со внимателно осмислени детали – уредно врзана машна во косата, кадифени јаки, лакирани чевли и класичен волнен капут“, заклучи таа.
View this post on Instagram