„Ројтерс“: Иран не прифаќа отворање на Ормускиот теснец за привремен прекин на огнот


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Иран нема повторно да го отвори Ормускиот теснец во замена за „привремен прекин на огнот“, јави Ројтерс, повикувајќи се на неименуван висок ирански функционер.

Според изворот, Техеран смета дека Вашингтон не е подготвен за траен прекин на огнот.


Функционерот потврдил дека Иран примил пакистански предлог за итен прекин на огнот и дека го разгледува, но нагласил дека Техеран не прифаќа притисок за рокови при носење одлука.

Како што претходно објави Ројтерс, Иран и САД добиле план за запирање на непријателствата, кој предвидува итен прекин на огнот, повторно отворање на Ормускиот теснец и рок од 15 до 20 дена за постигнување поширок договор.

Според истиот извор, конечниот договор би вклучувал обврска на Техеран да не развива нуклеарно оружје, во замена за олеснување на санкциите и одмрзнување средства.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK