Познатата манекенка, Алесандра Амбросио (44), позната и по прекарот „најубавата пензионерка“, наводно е свршена. Гласините започнаа кога Бразилката објави серија фотографии од Бали, на кои е видлив прстен на нејзиниот прст.
„Бали во зори“, напиша таа во описот и посочи дека нејзиното момче Бак Палмер ја направило фотографијата.
View this post on Instagram
Дејли меил брзо стигна до извор кој тврди дека двојката сè уште не ја објавила својата свршувачка, но дека сè е можно бидејќи нивната врска е многу сериозна.
„Тие се многу сериозни и заљубени, па ова може да биде голем навестување дека се ближи свадба. Веројатно тој го дизајнирал прстенот што го носела, бидејќи тоа му е работа“, рече изворот.
View this post on Instagram
Алесандра и Бак првпат беа видени заедно пред две години и дури тогаш, манекенката наводно знаела дека тоа ќе биде сериозна врска на долг рок. И двајцата имаат турбулентна љубовна историја, Бак беше во брак до 2017 година, додека Алесандра беше свршена со Џејми Мазур, со кого има две деца.