САД побараа примирје, Иран одби


iran-saddepositphotos_332648170_xl.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Техеран го отфрли предлогот на САД за 48-часовен прекин на огнот, објави денеска иранската новинска агенција „Фарс“, повикувајќи се на неименуван извор. Според изворите, предлогот бил презентиран во среда преку неименувана земја, пишува „Ројтерс“.


Нема официјален коментар или потврда за оваа информација од САД.

Според изворите на „Франс“, предлогот бил презентиран преку трета земја, но не бил прифатен.

Во меѓувреме, се појавија нови, засега непотврдени информации кои дополнително ги зголемуваат тензиите. Иранската новинска агенција „Тасним“ тврди дека Корпусот на Исламската револуционерна гарда соборил американски борбен авион „Ф-35 Лајтнинг II“ над централен Иран.

Според извештаите, пилотот се катапултирал и постојат индикации дека можеби бил заробен. Информациите за неговата судбина сè уште не се независно потврдени. Во исто време, ИРГК тврди дека ова е втор соборен авион „Ф-35“ и дека авионот е целосно уништен, но овие тврдења сè уште не се потврдени од американски извори.

 

фото/Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK