Општина Струмица дел од проект за чиста вода, санитација и зајакнување на улогата на жените


657544035_1378914160926584_5719173761197576471_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Струмица е дел од проектот „Вклучување на жените во подобрување на услугите за достапност до чиста вода и санитација и зајакнување на отпорноста на климатските промени во Македонија“.

Проектот е финансиран од Министерството за надворешни работи на Република Словенија и Словенски Каритас, а ќе се спроведува во соработка со општините од Југоисточниот регион во наредните три години.


Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, денеска оствари средба со директорот на Македонски Каритас, протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов, отец Гоце Костов (одговорен за односи со јавноста), Верица Ангеловска (координатор за зелени иницијативи за жени) и Александар Младеновски (координатор за општинска поддршка).

На средбата беше потпишан Меморандум за соработка, во пресрет на официјалниот почеток на проектот.

Вклученоста во проектот ја потврдува заложбата на градоначалникот Јанков и на општина Струмица за обезбедување чиста вода, здрава животна средина и поголема вклученост на жените во подобрувањето на услугите со цел постигнување на овие приоритети.

The post Општина Струмица дел од проект за чиста вода, санитација и зајакнување на улогата на жените appeared first on Општина Струмица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK