Николоски: Даваме силна подршка за реализација на БРТ за Град Скопје


1000061102.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Даваме силна подршка за реализација на БРТ за Град Скопје, објави вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил.


„Владата преку Министерството за транспорт и Министерството за финансии овозможува силна поддршка на Град Скопје за реализација на проектот брз автобуски превоз – БРТ.

На денешната седница на Владата, ја потврдивме подготвеноста за изградба и воспоставување на еден нов современ градски сообраќаен систем преку кој ќе ја подобриме ефикасноста и економичноста на транспортната мрежа во Градот“.

Проектот, пишува Николоски, предвидува изградба на две линии во Скопје, едната Исток–Запад и втората Север-Југ, набавка на CNG/хибридни нископодни БРТ возила, патнички информативен систем, паметни станици, како и интеграција во системот на управување со сообраќајот во Градот.

„Проектот ќе се реализира со заем од 70 милиони евра поддршка од ЕБРД, а Владата ќе ги трансферира овие средства во вид на неповратни средства за Град Скопје.

Рокот за завршување на овој значаен проект е Февруари 2029 година.

Развојот на главниот град ја наметнува потребата од воведување на нови сообраќајно-транспортни решенија кои ќе овозможат поефикасен транспорт за граѓаните.

Министерство за транспорт во соработка со Град Скопје ќе обезбеди соодветната инфраструктура за овој тип на превоз, а дополнително со проектот за Градски воз и набавката на новите еколошки електрични автобуси ќе понудиме комбиниран систем на транспорт во Скопје преку кој значително ќе ја подигнеме точноста и ефикасноста на градскиот јавен превоз” објави Николоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK