(Видео) Протест во Албанија: Фрлени молотови коктели врз владата


13793173.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Опозицијата во Албанија во неделата одржа нов антивладин протест, обележан со високи тензии, вклучувајќи фрлање молотови коктели врз зградата на владата и интервенција на полицијата со солзавец, јавува Анадолија.


Протестот го организираше Демократската партија (ПД) со поддршка на други опозициски партии, кои бараат оставка од премиерот Еди Рама.

Судири на улиците на Тирана
Демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства врз зградата на албанската влада, на што полициските сили одговорија со солзавец и водни топови.

За време на маршот низ улиците на главниот град, молотови коктели беа фрлени и врз зградите на неколку министерства и други институции, а неколку полициски возила беа запалени.

На протестот, кој не вклучуваше говори, присуствуваше лидерот на Демократската партија и поранешен премиер Сали Бериша, како и други пратеници од опозицијата. Стотици дополнителни полицајци го обезбедуваа настанот, а некои патишта во Тирана беа блокирани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK