Германија му одговори на Трамп: Оваа војна нема никаква врска со НАТО


Depositphotos_75237853_S.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американската војна против Иран нема никаква врска со НАТО. Владата предупреди дека проширувањето на борбените операции би носело големи ризици за партнерите на Блискиот Исток и Заливот, изјави портпаролот на германската влада, Стефан Корнелиус.


„Тоа не е војна на НАТО. НАТО е одбранбен сојуз“, изјави  Корнелиус пред новинарите во Берлин.

„Германската влада, исто така, мора јасно да ја процени ситуацијата на територијата на Алијансата и сопствената позиција за учество во оваа војна“, додаде тој.

Тој нагласи дека ескалацијата на конфликтот би ги загрозила регионалните партнери.

„Проширувањето на борбените операции би носело големи ризици за другите партнери на Блискиот Исток и Заливот“, рече тој.

Германската влада постојано изјавува дека нема да учествува во американска војна против Иран.

 

фото/Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK