Струмица гради силни регионални и прекугранични партнерства


649348029_1554994093299305_8838748723262679563_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Струмица е отворена општина и посветена на развивање партнерства кои придонесуваат за напредок на локалната заедница и зајакнување на регионалната соработка.

Градоначалникот Петар Јанков денеска имаше уште една средба со претставник на дипломатскиот кор во државата – амбасадорката на Република Грција во нашата земја, нејзината екселенција Софија Филипидоу.


На средбата се разговараше за:

Можностите за унапредување на соработката на локално и регионално ниво.
Иницијативи кои можат да придонесат за развој на економската, културната и институционалната соработка.

Беше истакнато дека струмичкиот регион има значајна географска позиција, имајќи предвид дека граничи со Република Грција и Република Бугарија, две земји членки на Европската Унија. Ова отвора дополнителни можности за:

Прекугранична соработка
Реализација на заеднички проекти
Поврзување на институциите и граѓаните од регионот

The post Струмица гради силни регионални и прекугранични партнерства appeared first on Општина Струмица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK