Ѓорѓиевски: Скопје памети – 83 години од црниот 11 март кога 7.144 македонски Евреи беа испратени во Треблинка


650736503_1467828634970421_7431202236465649738_n.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денес со тешко срце се сеќаваме на нашите 7.144 сограѓани македонски Евреи, кои на овој ден беа насилно одземени од своите домови, од своите семејства и од своето Скопје, испратени кон сигурна смрт во логорот Треблинка, изјави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.


„Ова е болка што сè уште живее во сеќавањето на нашиот град. Тие беа наши соседи, пријатели, еснафи – луѓе што со својата работа, култура и дух го градеа животот на Скопје. Еден ден исчезнаа, а зад нив остана тишина што трае со децении“, вели градоначалникот.

Тој додава дека трагедијата на Холокаустот е вечна опомена за човештвото и доказ колку ниско може да падне човекот кога омразата ќе стане идеологија, а злото политика.

„Затоа нашата должност е да паметиме. Да ја чуваме вистината.И никогаш да не дозволиме темнината повторно да се врати.Скопје никогаш нема да ги заборави своите сограѓани. Нека е вечен споменот на жртвите“, напиша Ѓорѓиевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK