(Видео) Снимка од Путин со напад на кашлица се прошири на мрежите, Кремљ тврди – станува збор за настинка


putin-kashlica.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Се појави видео кое повторно ги поттикна шпекулациите за здравствената состојба на рускиот претседател Владимир Путин.


Кратката снимка, го прикажува Путин како добива силен напад на кашлица, пренесува „Телеграф“.

Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи и повторно ги оживеа долгогодишните гласини за неговото здравје.

На снимката се гледа рускиот претседател ја става раката на устата и кашла. Иако видеото е кратко, многумина коментираа дека Путин изгледа уморно и исцрпено, што беше доволно за нов бран реакции на интернет.

Кремљ брзо реагираше на ширењето на снимката и ги отфрли шпекулациите, оценувајќи ги како „уште еден информациски напад на Западот“ со цел дестабилизација на Русија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за државните медиуми дека претседателот е апсолутно здрав и дека нормално ги извршува своите должности.

„Таквите снимки или се вешто монтирани или се извадени од контекст за да се создаде лажен впечаток. Претседателот е добро, станува збор за последици од обична настинка“, изјави Песков.

Ова не е првпат здравјето на Владимир Путин да биде тема на меѓународно внимание. Со години кружат непотврдени информации дека боледува од различни сериозни болести, меѓу кои рак и Паркинсонова болест.

Шпекулациите обично се засилуваат кога Путин поретко се појавува во јавност или кога аналитичари на снимките забележуваат детали како треперење на раката, необичен од или грчевито држење за масата за време на состаноци. Официјална Москва редовно ги демантира ваквите тврдења.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK