Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека односите меѓу Германија и САД претрпеле фундаментална промена и дека ерата на „безусловното трансатлантско пријателство“ веројатно е завршена на подолг период.
На предизборен настан на ЦДУ во Берлин, Мерц рече дека од другата страна на Атлантикот се гледа промена на политичкиот став и на односот кон трансатлантскиот сојуз.
Тој оцени дека Германија треба да ја искористи новонастанатата ситуација за да преземе поголема одговорност за сопствената безбедност, посочувајќи го зголемувањето на издвојувањата за одбраната.