Погоден стадионот „Азади“ во Техеран, соопшти иранското МНР


stadion-iran.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, објави фотографии од спортскиот комплекс „Азади“ во Техеран, тврдејќи дека бил погоден во тековните напади врз Иран.


„Ова е спортскиот комплекс ‘Азади’ во Техеран, фудбалски стадион кој го нападна истата онаа Америка чиј претседател доби ФИФА награда за мир“, напиша Багеи на социјалните мрежи.

Тој праша дали ФИФА или Меѓународниот олимписки комитет ќе реагираат на ваквиот напад.

Стадионот „Азади“ е еден од најголемите во Азија и е дом на иранската фудбалска репрезентација. На него минатата година беше одигран натпревар со кој Иран обезбеди пласман на Светското првенство во Северна Америка.

Со децении жените кои живеат под теократската власт во Иран се обидуваа да добијат пристап до стадионите, што властите им го дозволуваа само неволно. Токму на стадионот „Азади“ во 2019 година беше уапсена младата жена Сахар Ходајари, откако преправена во маж се обидела да се вмолкне на натпревар.

Ходајари стана позната како „Сината девојка“, според бојата на дресот на клубот за кој навивала, откако се самозапали кога ѝ беше изречена затворска казна. Нејзината смрт предизвика протести во Иран.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK