Лефков: Битиќи призна дека СДСМ нема да биде конкурентна на следните избори


lefkov-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, изјави дека пратеникот и поранешен вицепремиер Фатмир Битиќи признал дека Социјалдемократскиот сојуз нема да биде конкурентна партија на следните избори.


Како што рече, Битиќи отворено кажал дека СДС нема шанси за добар резултат на следните избори.



Лефков посочи дека додека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, бара предвремени избори, Битиќи и други членови на партијата се против одржување на истите.

„Наместо реформи и кадровски промени во СДСМ, Филипче оди против сите и ја придвижува партијата кон исчезнување“, рече Лефков.

Тој додаде дека ваквите ставови, според него, се потврда за политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и за, како што рече, недовербата на граѓаните кон СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK