Обвинителството бара продолжување на притворот за насилникот од Карпош


javno-obvinitelstvo-skopje-35wpa7af7xrjmtu84z4zk0.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Обвинителството бара продолжување на притворот за насилникот од Карпош. По смртта на неговите сопруга и ќерка, тој доби притвор од 48 часа.


„Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48 часа, бидејќи се постапува по издадените наредби за вештачење на три мобилни телефони и на други предмети, се обезбедуваат и анализираат видео записи од повеќе критични локации, а се обезбедува и целокупната документација за претходни поплаки и пријави за семејно насилство кои се однесуваат на осомничениот и починатата жена“, соопшти Обвинителството.

Од таму додаваат дека дополнително се преземаат и други дејствија од значење за докажување на кривичните дела чии елементи се испитуваат во моментов.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK