(Видео) Њукасл со играч помалку го победи Манчестер Јунајтед


new_castle_4645645
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 

Њукасл ја прекина победничката серија на Манчестер Јунајтед во 29-то коло од Премиер лигата. На Сент Џејмс Парк, по спектакуларен финиш, домаќините славеа победа 2:1.


Ова беше осми натпревар на „Црвените ѓаволи“, во Премиер лигата, откако Мајкл Карик го презеде тренерскиот штаб, а по шест победи и едно реми, ова е првиот пораз што 44-годишникот го претрпе како менаџер на Манчестер Јунајтед.

Она што најмногу ги боли играчите, тренерскиот штаб и навивачите на Манчестер Јунајтед е фактот дека имаа играч повеќе во второто полувреме, бидејќи Џејкоб Ремзи доби жолт картон во 26-та минута за прекршок, а во првата минута од судиското продолжение во првото полувреме поради симулација.

И покрај тоа што беа со играч помалку, играчите предводени од менаџерот Еди Хау поведоа набргу потоа, во шестата минута од судиското продолжение од пенал. Ентони Гордон го матираше Белгиецот Шон Ламенс.

Се чинеше дека Карик ќе ја продолжи својата неверојатна серија бидејќи веќе три минути подоцна, Каземиро го израмни резултатот.

Јунајтед ја имаше иницијативата, во второто полувреме, но не ја искористи предноста од играч повеќе на теренот.

Откако, Рајмсдел имаше нестварна интервенција по ударот на Зиркзе, казната „црвените ѓаволи“ ги стигна во 90-тата минута. Њукасл организриаше контранапад, Осула се ослободи од Маласија со неколку убави дриблинзи и му донесе победа на Њукасл со фантастичен удар.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK