МАН: Jавното обвинителство по службена должност веднаш да преземе мерки против лицата кои со име и презиме му се закануваат на новинарот на К5 ТВ Александар Видиновски


man
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонската асоцијација на новинари – МАН го повикува јавното обвинителство по службена должност веднаш да преземе мерки против лицата кои со име и презиме му се закануваат на новинарот и уредник во Канал 5 ТВ Александар Видиновски, шират говор на омраза, ксенофобија, предизвикуваат национална нетрпеливост и упатуваат закани по неговиот живот, по објавата на неговото видео за непрописно паркирање возила пред Бугарската амбасада.

Цитираме само некои од заканите, за кои принтскринови има во прилог на оваа реакција: „Аљошки ко*илина“, „Македонија е наша што сакаме ќе правиме“, „Смрт за вас“.


Се работи на најдиректни закани кон новинарот и уредник во Канал 5 ТВ Александар Видиновски кои претставуваат закани кон службено лице согласно Кривичниот законик.

Освен директните закани кон новинарот и уредник во К5 ТВ (службено лице) Александар Видиновски, лицата со име и презиме се закануваат и кон Македонскиот народ, како и со негово уривање на Уставниот поредок на Република С.Македонија.

Ваквите закани се директен притисок врз уставно загарантираната слобода на говор да не се известува за прекршувања на позитивните законски прописи во Македонија дури и од странски дипломатско-конзуларни претставништва и претставници.

Со ваквите закани и притисокот, освен во форма на закани по живот, постои и закана за новинарите воопшто и влијание врз целокупната слобода на говорот, а не само притисок врз конкретен новинар и медиум.

Скопје
03.02.2026 година

МАН, Македонска асоцијација на новинари

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK