„Знаењето се вреднува, успехот се наградува“ – доделени стипендии за најуспешните ученици во Струмица


622133111_1331474535670547_3730792460250142738_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синоќа, во Младинскиот центар се одржа свечен настан на кој градоначалникот Петар Јанков им ги додели стипендиите на најдобрите ученици од општинските основни и средни училишта, како и од ДСУ РЦСОО „Никола Карев“.

Избор на најдобрите:
Изборот се изврши од пријавените ученици на Јавниот повик објавен на 05.12.2025 година за доделување на:


23 стипендии за редовни ученици од средните училишта
28 стипендии за редовни ученици од основните училишта

Процесот беше спроведен согласно Правилникот за доделување стипендии на редовни ученици од основните и средните училишта во општина Струмица. Највисоко рангираните кандидати добија решение за стипендија.

Вредност на стипендиите:

Учениците од средните училишта ќе добиваат по 2.500 денари месечно, во период од девет месеци (учебната 2025/2026 година).
Учениците од основните училишта ќе добиваат по 2.000 денари месечно, за истиот период.

Дополнителни стипендии:

Покрај стипендиите доделени од општина Струмица, Фондацијата „Нова Генерација“ додели:

10 стипендии за ученици од средните училишта
13 стипендии за ученици од основните училишта

Сите стипендии се во ист износ како оние од општината.

 

The post „Знаењето се вреднува, успехот се наградува“ – доделени стипендии за најуспешните ученици во Струмица appeared first on Општина Струмица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK