Пратениците итно да именуваат директор на Агенцијата за слободен пристап до јавни информации, бараат граѓански организации


sobranie-polakopje-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата ги повикува пратениците во Собранието итно да именуваат директор и заменик-директор на Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.


„Оваа Агенција, која е клучна за заштита на уставно загарантираното право на граѓаните до информациите кои ги поседуваат јавните институции, а со тоа и за транспарентноста на властите на сите нивоа, веќе еден месец е нефункционална поради истекот на мандатот на претходниот директор и неговиот заменик, и неименувањето на ново раководство од страна на Собранието. Правото на граѓаните до информациите од јавен карактер е едно од основните човекови права гарантирани со меѓународните и европските конвенции, како и со Уставот на Северна Македонија“, се наведува во соопштението.

Во него се додават дека поради немање раководни лица, односно директор и заменик на директорот, Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер не може да одлучува по жалбите од барателите на информации, ниту целосно и редовно да ги остварува своите законски надлежности.

„Со ова се оневозможува целосното остварување на правото на граѓаните и сите заинтересирани страни на пристап до информациите од јавен карактер, односно до начинот на којшто јавните институции работат и ги трошат парите на граѓаните. Оттука, се повикуваат пратениците, итно да именуваат раководни кадри на Агенцијата обезбедувајќи континуитет во нејзиното работење и во досегашното успешно остварување на заштитата на правото на граѓаните до јавни информации“, се наведува во соопштението на Платформата на граѓански организации за борба против корупција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK