Попладнево блокада на граничниот премин Евзони


e22a9678-3c0f-4232-8bed-302e966e471a-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во периодот од 17 до 21 часот по македонско, односно од 18 до 22 часа по грчко време, по пауза од три дена поради празниците, грчките  земјоделци повторно ќе го блокираат граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција за сите видови возила.


Земјоделците низ цела Грција од денеска повторно започнаа со постепени блокади, додека пак утре напладне кај патарините Малгара во близина на Солун ќе се одржи состанок на кој ќе присуствуваат претставници од сите блокови низ земјата и ќе се одредат следните чекори.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK