Ваташанец лишен од слобода, возел со 1,77 промили алкохол во крвта


pijan-vozac.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ваташанец бил лишен од слобода, возел со 1,77 промили алкохол во крвта, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.


– Утрово во 03:00 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Ј.М.(23) од с.Ваташа, кавадаречко. При сообраќајна  контрола на ул.„7 Септември“ во Кавадарци е сопрено патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,77 промили алкохол во крвта, појаснуваат од СВР Велес.

Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK