Воената хунта во Нигер ќе му суди на соборениот претседател Базум за предавство

Воената хунта на Нигер соопшти дека ќе му суди на соборениот претседател Мохамед Базум за „предавство“ и поткопување на националната безбедност, само неколку часа откако објави дека се отворени за разговори со претставници на Економската организација на земјите од Западна Африка- ЕКОВАС. Портпаролот на воената хунта Амаду Абдрамане синоќа на државната телевизија изјави дека војската „ги собрала потребните докази за …

Continue Reading

Театарот„ Војдан Чернодрински“ од Прилеп со „Декамерон“ на вечерва на „Охридско лето“

Драмската програма на годинешното 63-то издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со изведбата на поставката на претставата „Декамерон“ на Џовани Бокачо, во изведба на актерската екипа на Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп. Во околности на глобална општествена безизлезност, неизбежно е да се занимаваме со „Декамерон“, со триумфот на волјата на човекот наспроти ужасната, незамислива препрека кон среќата – смртта. Ова …

Continue Reading

Еден загинат и тројца повредени во сообраќајка на патот Крива Паланка-Ранковце

Младо момче загина во сообраќајната несреќа што се случи час и половина по полноќ на магистралниот пат Крива Паланка-Ранковце во селото Љубинци. Повредени се три лица кои се пренесени во Општата болница во Куманово. – На 14.08.2023 во 01:28 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка-Ранковце, во село Љубинци, И.М.(21) од Крива Паланка, управувајќи …

Continue Reading

Локализиран е и вториот пожар кај Брушани на Тиквешко Езеро

Локализиран е и вториот пожар кај Брушани на Тиквешко Езеро, утрово околу четири часот, откако претходно, синоќа беше локализиран и првиот пожар во тој дел. Од ЦУК денеска известија дека по целовечерна „борба“ на пожарникарите од Кавадарци и тим на „Национални шуми“, вториот пожар кај Брушани е локализиран  утрово и нема ангажман на воздухоплови, иако во текот на гасењето било …

Continue Reading

Ерупција на вулканот Етна на Сицилија, аеродромот во Катанија привремено затворен

Летовите до и од аеродромот Катанија во јужна Италија се откажани изутринава поради ерупција на вулканот Етна, соопшти компанијата за управување на аеродромот. Компанија „Сак“, која управува со меѓународниот аеродром „Винченцо Белини“, соопшти дека летовите се откажани до 13 часот (13:00 GMT). Вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија е еден од најактивните вулкани во светот со чести ерупции. Вулканот е …

Continue Reading

Спалети главен фаворит за селекторската функција на Италија

Поранешниот тренер на Наполи, Лучијано Спалети е главен кандидат за селекторската функција на италијанската репрезентација, пишува Николо Шира.   Според новинарот, раководството на Италијанската фудбалска федерација го смета Спалети за прв фаворит за оваа позиција. Страните можат да потпишат двегодишен договор, но за неговиот трансфер потребно е да се плати ослободителна клаузула на неговиот поранешен клуб Наполи во висина од …

Continue Reading

Притворени четири лица од криминалната организација на Крит за трговија со бебиња и нелегални посвојувања

Мерка притвор им е одреден на четворица од осумтемина уапсени на грчкиот остров Крит за криминалната организација која злоупотребувала жени како донори на јајце клетки или сурогат мајки, за измами на пациенти преку лажни ин витро и за посредување при нелегални посвојувања на бебиња, јави дописничката на МИА од Атина. Криминалната организација беше разбиена минатата седмица, а уапсените вчера беа …

Continue Reading

Тројца кандидати во трката за претседателската функција во Аргентина, предводени од ултра-либералот Милеј

На претседателските избори во Аргентина во октомври ќе се натпреваруваат ултралибералниот економист Хавиер Милеј, поранешната министерка за безбедност Патриша Булрич, претставничка на десницата и актуелниот министер за економија, левоцентристот Серхио Маса, покажуваат прелиминарните резултати од вчера одржаните прелиминарни избори. Педесет и двегодишниот Хавиер Милеј предизвика сензација со тоа што доби најмногу гласови на национално ниво. Милеј е пред 67-годишната Патриша …

Continue Reading

Почнува Богородичниот пост

За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица. Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка. По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена, …

Continue Reading