Јончевски: Не се откажуваме

– Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Александар Јончевски го анализираше вчерашниот пораз од Израел (65-86) на стартот од олимпискиот претквалификациски турнир во Талин. „Отсуството на голем број стандардни репрезентативци доведе во ротација уште во првата четвртина да влезат играчи кои за прв пат го носат дресот. Во понатамошниот дел од натпреварот, шанса добија сите, а се со цел да сочуваме …

Continue Reading

Ахмети по повод 22 години од Рамковниот договор: Повикувам на единство и обединување околу европскиот фронт

– Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска, по повод 22-годишнината на Охридскиот рамковен договор, упати порака во која повикува, како што е наведено, на единство и обединување околу европскиот фронт. Според Ахмети, за да се заврши процесот на еднаквост и интеграција, мора да се направи последниот чекор од уставните измени. Лидерот на ДУИ нагласува и дека за големите одлуки е …

Continue Reading

Турција спаси 58 мигранти во Егејското Море

– Турската крајбрежна стража во текот на ноќта спасила 58 мигранти во Егејското Море. Како што јави агенцијата Анадолија, тие се нашле во турските води откако го напуштиле грчкиот брег. Во близина на брегот на областа Сеферихисар во Измир биле пронајдени 45 лица, а 13 од нив во областа Дикили. Тие се однесени кај локалните миграциски власти за извршување на …

Continue Reading

НАТО го регистрира БРАКО како потенцијален снабдувач, велешката фабрика ќе се обиде да и продаде македонски производи на Алијансата

НАТО ја регистрира велешката фабрика БРАКО како потенцијален снабдувач за своите потреби и македонската фабрика во следниот период ќе се обиде да му продаде македонски производи на воениот сојуз. Сите производи и услуги НАТО ги набавува од компании од неговите земји членки, а  македонското стопанство досега немаше никакви придобивки од влегувањето на земјава во НАТО. БРАКО се надева дека ќе …

Continue Reading

Реакција по повод посетата на косовскиот премиер Албин Курти

– Истакнувањето на провокативна националистичка иконографија што промовира великодржавни шовинистички идеи претставува разгорување на етничка омраза и нетрпеливост со што недвосмислено се напаѓаат основните принципи и вредности на Рамковниот договор, како и концептот на Македонија како мултиетничка држава, се вели во реакцијата од претседатлеот на државата Стево Пендаровски, по повод посетата на косовскиот премиер Албин Курти. – Организаторите на јавните собири …

Continue Reading

Кејн без трофеј на дебито за Баерн

– Фудбалерите на Лајпциг го освоија синоќа Суперкупот на Германија, откако во Минхен го совладаа Баерн со 3-0. Стрелец на сите три голови беше Дани Олмо во 3., 44 и 68 минута. За Лајпциг ова е втора Суперкуп титула во клупската историја. Во редовите на Баерн во второто полувреме дебитираше капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн, кој неколку часови претходно …

Continue Reading

Аргентинците гласаат на прелиминарни избори за претседател

– Аргентинците денеска гласаат на прелиминарни избори за да номинираат кандидати за претседателските избори во октомври. Како што јавуваат локалните медиуми, тоа ќе биде гласање со неизвесен исход за одредување на наследникот на шефот на државата од левиот центар Алберто Фернандез. Повеќе од 35 милиони гласачи се повикани да ги изберат и партиите што ќе влезат во трката за претседателските …

Continue Reading

Зеленски: Деминирањето на Украина ќе трае со години

– Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека чистењето на украинската земја од руски мини би требало да трае со години, а не со децении. Зеленски во видео порака рече дека за деминирање потребна е опрема од партнерите, но дека исто така многу важно е да се создаде производствена база во Украина. „Секој ден нашите експерти откриваат стотици експлозивни предмети. …

Continue Reading

ВМРО – ДПМНЕ: Исто како и за Декларацијата за Илинден, никој го нема видено Манифестот

Исплашени од реакциите и укорите кои ги добија од Бугарија, СДС остана нема и целосно заборави на Декларацијата за Илинденското востание која помпезно ја најавуваше. Оваа Деклерација веќе 20-тина дека откако ја најавија никој ниту ја има видено, прочитано, ниту пак е ставена на некоја седница во Собранието. Иако бараа поддршка од сите политички чинители, Ковачевски и СДС откако добија …

Continue Reading