ОН: Над 20 милиони Суданци се погодени од криза со глад

Борбите во Судан предизвикаа тешка криза со глад кај 20,3 милиони луѓе, наведува Светската програма за храна на Обединетите нации (WFP) во денешнопто соопштение, пренесе ДПА. -Од 46 милиони жители на земјата, околу 6,3 милиони луѓе страдаат од недостиг на храна опасен по животот, рече Еди Роу, претставник на Светската програма за храна (WFP) во Судан. Од избувнувањето на борбите …

Continue Reading

Грчки медиуми: Петмина под лупа на полицијата за убиството на навивачот на АЕК

Петмина од уапсените 105 лица за инцидентите пред стадионот на АЕК, се под лупата на грчката полиција како можни сторители на убиството на 29-годишниот навивач на атинскиот тим, според медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Државната телевизија ЕРТ објави дека тројца Грци, еден Хрват и еден Албанец се главните осомничени, со оглед на тоа што кај албанскиот …

Continue Reading

Пендаровски – Агелер: Американската поддршка ќе продолжи како гарант за мирот, стабилноста и просперитетот на Западен Балкан

Билатералните односи се одвиваат со одлична динамика, согласно долготрајното македонско-американско пријателство, а во духот на стратешкото партнерство и сојузништвото во НАТО, било посочено на денешната средба на претседателот Стево Пендаровски со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Прајс Агелер. Како што соопшти Кабинетот на претседателот, соговорниците размениле мислења и информации за одвивањето на евроинтегративниот процес и за следните чекори кои …

Continue Reading

СЗО: Ерис, новата подваријанта на Ковид е „варијанта од интерес“

Светската здравствена организација новата подваријанта на ковид ЕГ.5, неофицијално наречена Ерис, ја прогласи за „варијанта од интерес“, повикувајќи ги земјите да обрнат внимание во време кога бројот на заразени луѓе во светот се зголемува. „Варијанти од интерес“ се оние соеви за кои е познато дека полесно се пренесуваат, предизвикуваат потешки форми на болести или го заобиколуваат имунолошкиот систем и се …

Continue Reading

Шпанија и Шведска први полуфиналисти на женскиот Мундијал во фудбал

Женските фудбалски репрезентации на Шпанија и на Шведска се првите полуфиналисти на Светското првенство кое се одржува во Австралија и Нов Зеланд. Шпанските фудбалерки испишаа историја и прв пат во историјата обезбедија место во полуфиналето, откако претпладнево беа поуспешни во четвртфиналниот дуел против Холандија со 2-1 по продолженија во Велингтон. Шпанките дојдоа во водство од пенал во 81 минута преку …

Continue Reading

Приведен криминалец баран со потерница

Полицијата денеска привела 43-годишен кумановец, кој бил баран со потерница за издржување казна затвор од една година и два месеца. – Денеска околу 12 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги на ул. „Димче Милошевски“ во Скопје го лишија од слобода И.Н. (43) од Куманово, со привремено престојувалиште во Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен …

Continue Reading

На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ времето на чекање е околу 30 минути

На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути, а исто толку време се чека на ГП Богородица за излез од државата, информираат од АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Continue Reading

Петровска: Споменици ќе има на сите три локации за кои поднесов иницијатива и тоа ќе го направи Министерството за одбрана

Споменици ќе има на сите три локации за кои поднесов иницијатива и тоа ќе го направи Министерството за одбрана. Поднесувањето на иницијативите е само почеток, а не крај на постапката, вели министерката за одбрана Славјанка Петровска за МИА, да даде коментар на ставот на Општина Желино на писмото од МО со барање за поставување споменик за десетмината убиени во масакрот …

Continue Reading

Скопје домаќин на најдобрите европски јуниорски џудисти

Македонската џудо федерација (ЏФМ) за прв пат во својата историја од утре до среда во Скопје ќе биде домаќин на Европскиот јуниорски куп во машка и женска конкуренција на кој ќе настапат 234 џудисти од 29 држави. Натпреварите за пласман и медали, како што соопштија организаторите на денешната прес – конференција, ќе се одржат претстојниот викенд во Спортскиот центар „Јане …

Continue Reading