Мустафа: САД и ЕУ нема да дозволат Курти да се повлече без да ги имплементира договорите со Србија

Поранешниот косовски премиер, Иса Мустафа вели дека не очекува дека во наредните десет години може да се дојде до конечен договор за решавање на споровите меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешната изјава за порталот „Газета Блиц“, Мустафа оцени дека главна пречка за постигнување конечен договор меѓу Приштина и Косово е неодговорноста на актуелната косовска …

Continue Reading

Се зголемува притисокот врз Берлин за да му обезбеди на Киев крстосувачки ракети „Таурус“

Разговорите за тоа дали на Украина да и се обезбедат германски крстосувачки ракети со долг дострел „Таурус“ повторно се вжештија откако политичарите внатре и надвор од Владата инсистираа Киев да го добие вооружениот систем што одамна го бараше, јави ДПА. Портпаролката на германското Министерство за одбрана денеска јасно стави до знаење: „Политичка одлука за предавање (на оружјето) не е донесена“. …

Continue Reading

Во Украина досега се вратени 385 деца депортирани во Русија, Киев тврди дека се 19.000

Вкупно 385 украински деца депортирани во Русија досега се вратиле кај своите семејства, покажува бројката што денеска ја потврди здружението СОС Детско село, кое учествува во репатријацијата на децата. -СОС Детското село ги поддржува родителите со тоа што понекогаш им става на располагање финансиски средства или им помага да ја испланираат својата маршрута, изјави Ана Ридл, портпаролка на организацијата, опренесуваат …

Continue Reading

Грција дефинитивно без Адетокумбо на СП

Грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо потврди денеска дека нема да биде дел од националниот тим на претстојното Светско првенство кое од 25 август до 10 септември ќе се одржи во Јапонија, Филипини и Индонезија. „Сите знаат колку е големата мојата страст и љубов кон репрезентацијата и тоа никогаш нема да се промени. Од завршувањето на НБА сезоната, го туркав моето тело …

Continue Reading

Амбасада на САД во БиХ: Ниту еден поединец не е над законот

Амбасадата на САД во Босна и Херцеговина попладнево се огласи откако Обвинителството на Босна и Херцеговина поднесе обвинение против Милорад Додик, претседателот на Република Српска, и против Милош Лукиќ, в.д. директор на Службен весник на Република Српска, а поради Указот за неспроведување на одлуките на високиот претставник. Амбасадата оценува дека ова е важен чекор во спроведувањето на владеењето на правото. …

Continue Reading

Реакција од кабинетот на претседателот на РС: Обвинението против Додик е директен обид за поништување на институциите на РС

Обвинението против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, е директен обид на Обвинителството на БиХ и политичкото Сараево, со сесрдна поддршка и помош, односно креација на американската амбасада во Сараево и директно од амбасадорот Мајкл Марфи, како и Велика Британија и ЕУ, да ги поништи институциите на Република Српска избрани по волјата на народот на демократски избори. Ова се наведува …

Continue Reading

Премиерот на Косово, Албин Курти присуствуваше на преименување на улица во општина Чаир

Премиерот на Косово, Албин Курти, кој е во неофицијална посета на земјава, денеска присуствуваше на преименувањето на улицата „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“ во општина Чаир. Во обраќањето, Курти рече дека пред пред две недели е одбележана петгодишнината од смртта на Демачи и оцени дека е од особено значење тоа што Демачи ќе има своја улица во Северна Македонија. …

Continue Reading

Прилепчанец пиведен за кражби во Кичево

По претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од ОВР Кичево при СВР Охрид, денеска, во 11 часот, го привеле М.К. (33) од Прилеп поради основано сомнение дека е извршител на тешки кражби во станови и куќи. При тоа, во неговото возило „фиат пунто“ пронајдени се предмети поврзани со кривичните дела. Како што соопшти МВР, М.К. е задржан во полициската станица …

Continue Reading

Османи – Сулеименова: Меѓурегионалната соработка ќе придонесе кон намалување на последиците од климатските промени во Европа и Централна Азија

Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи денеска, во Астана, во рамки на посетата на Централна Азија, заедно со специјалниот претставник за животна средина на ОБСЕ претседавањето, Насер Нуредини, се сретнаа со министерката за екологија и природни ресурси на Казахстан, Зулфија Сулеименова. Како што соопшти МНР, Османи на средбата истакнал дека заложбите на Казахстан во заштитата на …

Continue Reading