Без вода дел од корисниците во Гази Баба

Корисниците од улиците „520“, „512“ и „515“ во населба Ќерамидница во општина Гази Баба од 9.45 часот утрово немаат вода. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација, прекинот во водоснабдувањето е поради дефект на приклучна водоводна цевка на ул. „520“ бр. 15 и ќе трае до неговото отстранување.

Continue Reading

СП ракометари до 19 години: Унгарија следен противник на македонската репрезентација

Македонската ракометна репрезентација утревечер ќе игра со Унгарија во полуфиналето од сегментот за пласман од 9 – 12. место на Светското првенство за играчи до 19 години. Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ, иако не успеаја да влезат во четвртфиналето, покажаа дека имаат потенцијал да се „носат“ со најдобрите селекции на светот. Во групната фаза на Мундијалот во Хрватска, Македонците загубија …

Continue Reading

Блинкен телефонски разговараше со бугарската министерка Габриел

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен остварил телефонски разговор со бугарската министерка за надворешни работи Марија Габриел и и честитал за назначувањето на оваа функција, објави американскиот Стејт департмент на својата веб-страница. Двајцата вчера разговарале за потребата од континуирана безбедносна помош за Украина од сојузниците и партнерите, како и за тековните напори за диверзификација на изворите на енергија кон почисти, побезбедни …

Continue Reading

Рокот за аплицирање за студентски оброк истекува утре

Рокот за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2023-2024 година, за тековните студенти, истекува утре. Пријавувањето е преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ Како што информираше Министерството за образование и наука во објавениот конкурс, по завршување на рокот за пријавување, кандидатите кои ги исполниле условите ќе бидат известени за тоа преку порталот каде што ја поднеле својата апликација. …

Continue Reading

Во Дебар утре второ запрашување против комарци

Општина Дебар информираше дека утре, од 18 часот, до 6 часот наутро следниот ден, ќе се реализира второто програмско запрашување против комарци на подрачјето на општината. – Тоа согласно Законот за заштита на населението од заразни болести а врз основа на одлуката на Советот на општина Дебар за спроведување превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината, како општа против епидемиска …

Continue Reading

Уапсените за инцидентит пред стадионот на АЕК и убиството на навивачот денеска во Атина ќе бидат изведени пред јавен обвинител

На пристаништето во Игуменица синоќа биле уапсени уште петмина хрватски државјани под сомнение дека учествувале во инцидентите пред стадионот на АЕК во понеделникот вечерта, додека пак они кои веќе беа уапсени во Атина, над 90 лица, денеска ќе бидат изведени пред јавен обвинител, јави дописничката на МИА од Атина. Грчката полиција е во потрага по сторителот на убиството на 29-годишниот …

Continue Reading

Во невремето и поројните дождови во Пекинг загинаа 33 лица, а 18 се сметаат за исчезнати

Триесет и три лица загинаа, а 18 се водат како исчезнати по обилните дождови во Пекинг, соопштија денеска кинеските власти. Неколку десетици луѓе загинаа и во поплавите што ја погодија северна Кина. Властите во Пекинг во петокот соопштија дека 147 лица загинале и исчезнале како последица на природни катастрофи во јули. Пекинг беше погоден од рекордни дождови во последните недели. …

Continue Reading

Без вода дел од корисниците во Центар

Прекинато водоснабдување поради дефект на огрлица на ул. „8-ми Март“ бр.4 во населба Центар, ќе имаат корисниците на дел од булевар Илинден (потегот од фонтана до Влада и од бул. Илинден до Градски Стадион). Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираа дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.

Continue Reading

Во Битола, откриени шест диви таксисти, приведени две лица за недозволена трговија со девизи

Во Битола вчера полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола лишиле од слобода две лица кои биле затекнати при вршење на недозволена трговија, односно купопродажба на странски парични средства, без овластување од Народна банка на Република Македонија и спротивно на одредбите од член 55 од Законот за девизно работење. Од МВР денеска соопштија дека  кај нив биле пронајдени 247.000 …

Continue Reading