Во Прилеп одбележани 22 години од трагедијата на Карпалак, преживеаните и припадниците на безбедносните сили бараат статус на борци

Со почит и поклон пред споменикот во центарот на градот, Прилеп денеска тагува, се сеќава и чествува 22 години од загинувањето на 10-те прилепски воени резервисти. Kај месноста Карпалак на 8 август 2001-та во заседа на армискиот конвој загинаа: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушидоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. …

Continue Reading

Стевановиќ: За случаите со конго-кримска хеморагична треска во комуникација сме со СЗО и колеги од регионот

За случаите со конго-кримска хеморагична треска (ККХТ) во комуникација сме со Светската здравствена организација, ги црпиме сите искуства што светот ги има, што во нашиот регион се лимитирани, во комуникација сме со колеги од регионот и од Албанија и од Косово, Бугарија, изјави за МИА, директорката на Инфективна клиника, Милена Стевановиќ. – Со Светската здравствена организација сме на линија, така …

Continue Reading

Петровска ги посети војниците кои ќе заминат во Словенија: Пожртвувано и силно помогнете на секој словенечки граѓанин

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска ги посетија припадниците на Армијата кои се подготвуваат да заминат во Словенија како поддршка на словенечките сили во справувањето со последиците по големите поплави кои ја зафатија оваа сојузничка земја. При посетата во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец , министерката Петровска им се обрати на …

Continue Reading

Сменети седуммина одговорни во грчката полиција, СИРИЗА и ПАСОК бараат оставка на надлежниот министер

Во однос на преминувањето на грчката граница на навивачите на Динамо Загреб, нивното патување во Грција и нивното пристигнување на местото на инцидентите, нема да штедам зборови, недозволиво и неприфатливо е, бидејќи е под можностите и докажаните способности на грчката полиција, која иако брзо уапси 98 лица, потфрли во делот на превенција и спречување, рече министерот за заштита на граѓаните …

Continue Reading

Ејуп Маќедонци именуван за нов министер за одбрана на Косово

Косовскиот премиер Албин Курти објави дека го именувал полковникот на Безбедносните сили на Косово (ФСК), Ејуп Маќедонци за нов министер за одбрана откако досегашниот министер Арменд Мехај денеска поднесе оставка, јави дописникот на МИА од Приштина. Изразувајќи му благодарност и признание за придонесот на чело на косовската одбрана, Курти на неговата страница на Фејсбук напиша дека Мехај ја поднел оставката …

Continue Reading

Италија воведе данок од 40 отсто на ненадејната добивка на банките

Италијанската влада воведе данок од 40 проценти на овогодинашната неочекувана добивка на банките, а приходот од тој данок ќе им помогне на имателите на хипотекарни заеми и ќе ги намали даноците за граѓаните. Вицепремиерот Матео Салвини изјави дека ќе се оданочува профитот што банките го остваруваат од повисоките камати, пренесува денеска лондонски Гардијан. „Доволно е да се погледне профитот што …

Continue Reading

Почна реконструкција на улицата „Славејко Арсов“

Град Скопје започна уште еден проект кој ќе придонесе за рамномерен развој и уредување на градските јавни површини. Денеска увид во почетокот на градежните работи на реконструкција на краци на улицата „Славејко Арсов“ изврши градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска, информираат од Град Скопје. Со овој проект, велат, ќе биде реконструиран коловозот со површина од 4700 квадратни метри, поставени рабници …

Continue Reading

Европратеникот Флего на средба со директорот на АППТ Јаневски, потенцирана европската поддршка и социо-економската вредност на туризмот

Европратеникот Валтер Флего, претставник на Renew Europe (Renew) либерална, проевропска политичка групација, денеска во Скопје имаше средба со директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски, на која била потенцирана европската поддршка и социо-економската вредност на туризмот. Како што соопшти АТТП, на состанокот, на кој биле присутни и претставници од Заедницата на Хрвати во Северна Македонија, европратеникот …

Continue Reading

Запленети обврзници во вредност од 92 милиона долари

Царинската управа заплени 184 обврзници со вкупна вредност од 92 милиона долари. Како што соопшти денеска директорот на Управата Стефан Богоев, обврзниците се пронајдени кај турски државјанин кој пристигнал во земјава со лет од Истанбул. Обврзниците се наоѓале во црна рачна торба, а биле детектирани при контрола со скенер и дополнителна детална контрола. Со одлука на Основниот суд – Скопје …

Continue Reading