Франција и Кина ги повикуваат граѓаните да не патуваат во Нигер

Франција и Кина денеска ги повикаа своите граѓани да не патуваат во Нигер, откако локалните бунтовнички власти го затворија воздушниот простор. „Француските граѓани во Нигер треба да бидат крајно внимателни – неопходно е да се ограничат патувањата, да се држат настрана од секакви собири и редовно да се информираат за ситуацијата“, се вели во соопштението на француското Министерство за надворешни …

Continue Reading

Четврто прскање против ларви од комарци в среда во Скопје

Во среда (09.08.2023) ќе се реализира четвртата фаза од дезинсекцијата на подрачјето на Скопје против лаври од комарци. – Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира во среда, во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција против ларви од комарци, пак, ќе се реализира во текот на истиот ден, соопшти Град Скопје. Доколку временските услови …

Continue Reading

Таравари: Не го гледам како ризик формирањето на новиот политички субјект на Меџити

Претседателот на Алијансата за Албанците и градоначалник на Општина Гостивар, Арбен Таравари денеска, коментирајќи ги најавите на Изет Меџити за формирање на нов политички субјект, рече дека ова политичко движење не го гледа како опасност за неговата партија. – Воопшто не го гледам тоа како ризик. Ние имаме свои структури. Ја покриваме целата територија на државата каде живеат Албанци, така …

Continue Reading

Во Кочани почна шестдневен Kамп за млади информатичари

Во Кочани денеска почна шестдневен национален Камп за млади информатичари во организација на локалното здружение „Бистри умови“, а со поддршка од македонското Здружение на информатичари. На Кампот присутни се осум најдобри млади информатичари со кои работат професори и студенти ментори од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство од Скопје. Кампот го отвори градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, а се …

Continue Reading

Путин се очекува да ја посети Турција во последната недела од август, пишува „Хуриет“

Рускиот претседател Владимир Путин се очекува да ја посети Турција во последната недела од август, пишува денеска турскиот весник „Хуриет“. Дирекцијата за комуникации при турското претседателство по минатонеделниот телефонски разговор меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и Путин соопшти дека турскиот претседател се договорил со неговиот руски колега за скорешна негова посета на Турција. Два дена подоцна, Ердоган изјави дека …

Continue Reading

МКАРТА за Митревски, Ѓурѓај и Стерјовски

Македонската амбасада во Тирана информираше дека тројца Македонци во Албанија се носители на МКАРТА. – Ефтим Митревски, Никола Ѓурѓај и Васил Стерјовски, претседатели на македонски друштва, главни уредници на весниците на македонски јазик „Преспа”, „Илинден” и „Македониум”, стои во објавата од Амбасадата. Се додава дека својот живот го посветиле на зачувување и унапредување на правата на Македонците во Република Албанија. …

Continue Reading

Доделени сертификати за триесетина идни слаткари

На триесетина лица кои во мај ја започнаа обуката, денеска им беа врачени соодветни сертификати за слаткари со кои добиваат дополнителни можности за вработување. Обуката е дел од иницијативата за приватно – јавно партнерство помеѓу општина Гостивар, Пела тренинг центар и Министерство за труд и социјална политика. Меѓу пријавените во стручната обука во првиот Мултифункционален општински центар кои ја следеа …

Continue Reading

ФИБА ги одреди групите пред ждрепката во Минхен

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) ги одреди носителите на групите пред утрешната ждрепка во Минхен за квалификациите за Евробаскетот 2025. Потврдениот состав за квалификациите за ФИБА Евробаскет 2025: Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Велика Британија, Грција, Унгарија, Исланд, Израел, Италија, Летониија, Литванија, Црна Гора, Холандија, Македонија, Полска, Португалија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, …

Continue Reading

Вработените во МИА продолжија со протестот

Вработените во АД Медиумската информативна агенција (МИА) и денеска излегоа на предупредувачки протест, за време на полчасовната пауза пред просториите на Агенцијата. Новинарите и медиумските работници по седми пат го повторија ставот за итна реакција и зголемување на платите и порамнување на трошоците за живот. Вработените истакнаа дека се надеваат оти премиерот Димитар Ковачевски, како што изјави во вчерашното интервју …

Continue Reading