Кривична пријава против градоначалник на Кочани за „злоупотреба на службената положба и овластување“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани до Основно јавно обвинителство Кочани денеска поднесе кривична пријава против Љ.П.(63) од Кочани, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 1 од Кривичниот законик. Како што соопштија денеска од МВР, тој во својство на службено лице – градоначалник на Општина Кочани, …

Continue Reading

Велешките пезнионери бараат линеарно, а не процентуално зголемување на пензиите

Пензионерите од Велес со мирен протест во дворот на велешкото Здружение на пензионери и денеска, како и во петокот се придружија на барањата на колегите од другите градови барајќи линеарно зголемување на пензиите, а не процентуално. Во Општина Велес, заедно со Општините Градско и Чашка  има околу девет илјади пензионери, а половината се со пензии  до 15 илјади денари. Тие …

Continue Reading

Шпанската Народна партија верува дека може да формира нова влада

Шпанската конзервативна Народна партија (ПП) денеска соопшти дека верува дека би можела да формира влада, откако десничарската партија Вокс навести дека нема да инсистира да биде дел од владејачката коалиција. Генералниот координатор на ПП, Елиас Бендодо, кажа дека се отвора патот за помалите партии, кои се спротивставија на учеството на Вокс во новата влада, да ја поддржат Народната партија за …

Continue Reading

Зрињски и Бреидаблик можни противници на Струга во плејофот од Конференциската лига

Доколку фудбалерите на Струга во третото квалификациско коло во Конференциската лига бидат поуспешни од луксембуршкиот противник Свифт Хеспер, за ривал во плејофот ќе го имаат поразениот тим од дуелот меѓу Зрињски од БиХ и исландски Бреидаблик. Ова денеска го одлучи УЕФА со жрепка со која беа формирани потенцијалните плејоф дуели во третото по ранг европско клупско натпреварување. Македонскиот шампион на …

Continue Reading

Во јули минималната синдикална кошница 48.620 денари

Во јули годинава на едно четиричлено семејство му биле неопходни 48.620 денари за задоволување на минималната синдикална кошница, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Од нив 20.004 денари или 44,6 отсто биле неопходни за исхрана и пијалаци, 13.664 денари, односно 30,46 отсто за домување, 3,247 денари или 7,24 отсто за хигиена, 3,720 денари или 8,29 отсто за …

Continue Reading

МЗ: Вработен на Инфективна позитивен на конго-кримска хеморагична треска и хоспитализиран

 – По потврдување на случај на Конго-кримска хеморагична треска кај жена на 27 годишна возраст, еден од вработените на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби (КИБФС), кој беше идентификуван како контакт со среден ризик, на деветиот ден од надзорот пројави симптоми, и согласно добиените резултати од страна на ЕПИ Одделот на ИЈЗ, е утврден позитивен случај на Конго-кримска хеморагична …

Continue Reading

Намерно оштетен главниот цевковод за водоснабдување на селото Видовиште во општина Зрновци

– Со примена на сила и алат, непознат сторител сериозно го оштетил главниот цевковод на водоводот за селото Видовиште во општина Зрновци, поради што отежнато е водоснабдувањето на месното население. На местото каде што е предизвикан дефектот забележливо е намерно оштетување на цевката, за да се оневозможат напорите на Општина Зрновци да обезбеди доволна количина исправна вода за пиење на …

Continue Reading

Прекинот на работите на делницата Скопје – Блаце поради зголемен сообраќај

– Јавно претпријатие за државни патишта ја известува јавноста дека привремено ќе бидат прекинати градежните активности кои се одвиваат во тунелот на државниот пат А4, на делницата Скопје – Блаце. Тие ќе продложат од септември. – Прекинот на работите на оваа делница ќе биде направен заради зголемен проток на сообраќај во месец август, за да се избегнат застоите, а се …

Continue Reading

Во општина Старо Нагоричане ќе се санираат и градат три патни правци и детско игралиште

 – Општина Старо Нагоричане обезбеди средства за реконструкција и изградба на три патни правци и за изградба на детско игралиште, соопштија денеска надлежните. Во општината ќе се реконструираат патиштата помеѓу Коинце и Челопек, ќе се гради патот од Сув Ора до Карпино и од село Драгоманце до Стрновац. Наредната недела, соопштија надлежните од општина Старо Нагоричане, ќе почне асфалтирањето на патот, …

Continue Reading