Насилни протести на таксистите во Кејптаун, двајца мажи убиени

– Двајца мажи се убиени денеска во јужноафриканскиот град Кејптаун, за време на петтиот ден од насилните протести што минатата недела ги започнаа возачите на минибус-такси против владата. Едно лице загина, а тројца се ранети во пукање во близина на меѓународниот аеродром Кејптаун, откако група демонстранти фрлале камења врз автомобил, а возачот возвратил со оган“, соопшти полицијата. Полицијата додава дека …

Continue Reading

Невреме во балтичките земји, едно лице загина

– Најмалку едно лице загина во невремето што денеска ги зафати земјите кои граничат со Балтичкото Море. Станува збор за 50-годишна жена која починала во Литванија поради паѓање дрвја во близина на границата со Латвија. Невремето предизвика одложување на летовите, прекин на траектниот сообраќај и делумно излетување на воз од шините. Два вагона на патнички воз излетаа од шините во …

Continue Reading

Јермак: Разговорите во Џеда и нанесоа огромен удар на Русија

– Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак денеска изјави дека разговорите за мировно решение за Украина што се одржаа минатиот викенд во Саудиска Арабија и нанесоа „огромен удар“ на Русија. Јермак на брифинг со новинарите во Киев рече дека сите земји кои беа присутни на преговорите во Џеда целосно ја поддржуваат независноста и територијалниот интегритет на Украина. Сепак, тој …

Continue Reading

Челзи подготвува нова понуда за Каиседо

Англискиот прволигаш Челзи оваа недела ќе испрати нова понуда за услугите на фудбалерот на Брајтон, Мозес Каиседо, а лондонскиот премиерлигаш ја разгледува можноста да го донесе во своите редови и играчот за врска на Саутемптон, Ромео Лавија. Првичната понуда на Челзи за Каиседо изнесуваше 80 милиони фунти што беше одбиено, а Брајтон својот играч го процени на 100 милиони фунти. …

Continue Reading

ИСВ: Ударите врз мостовите на Крим создаваат услови за контраофанзива на украинските сили

Ракетните удари по мостовите што го поврзуваат од Русија анексираниот Крим со копнениот дел на Украина е дел од кампањата на украинската армија со цел создавање услови за идни контранапади, сметаат експерти од американскиот Институт за проучување на војната (ИСВ). Ударите беа нанесени вчера, автомобилските мостови Чонхарски и Хенически се клучни за снабдување на руската војска. Руските сили сега од …

Continue Reading

На „Богородица“ и „Табановце“ за излез од државата се чека околу еден час

На граничните премини „Богородица“ и „Табановце“, поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските …

Continue Reading

Топ чанел: Висока фреквенција на преминот Ќафасан, во одделни делови од денот се чека по еден час од македонска страна

Месецот август бележи висока фреквенција на граничниот премин „Ќафасан” со Македонија, каде од почетокот на месецов функционира заедничко управување на граничните и царинските контроли со едно застанување,  јави Топ чанел. Во последните 24 часа преку овој премин на албанска територија за влез се регистрирани  2890, додека на излез 2057 патници. – Главно станува збор за иселеници  или странски државјани, кои …

Continue Reading

Пожарите во грчката областа Атика за седум години изгореле 23 отсто од вкупната површина

Во последните седум години, односно од 2017 година до крајот на јули годинава, во 11 големи пожари во грчката областа Атика, поширокиот регион на Атина изгореле над 55.000 хектари, односно 23 отсто од вкупната површина на конкретната периферија, пренесува порталот Метео на грчката Национална опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Метео ги анализира податоците од службата за брзо мапирање …

Continue Reading

Мароканската морнарица извлекла пет тела на мигранти во близина на брегот на Западна Сахара

Мароканската морнарица извлече пет тела на мигранти, сите државјани на Сенегал, и спаси 189 луѓе откако нивниот брод потона во близина на Гергерат, во Западна Сахара. Покрај петте извлечени тела, 11 мигранти се во „критична состојба“ и се пренесени во болница во Дахла, Западна Сахара, изјави денеска воен извор за мароканските медиуми. Брод со мигранти тргна во саботата илегално од …

Continue Reading