Се гасне пожарот кај Богданци, постои опасност да се прошири кон ветерниците

Пожарот кој избувна денеска околу 11 часот во месноста Брдаров камен, веднаш до препумпната станица на Хидросистемот „Дојранско Езеро“, се гасне, но се уште постои опасност да се прошири кон ветерниците кај Богданци. Како што информираше градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов, пожарот се гасне, но е дојден под ветерниците и се прават големи напори тој да не ги зафати. -Во …

Continue Reading

Во вештачкото езеро Глажња пронајдено телото на 29-годишниот локален жител

Спасувачките тимови попладнево во вештачкото езеро Глажња во општина Липково го пронајдоа телото на 29- годишен локален жител по кого се трагаше неколку дена. Директорите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов и Беким Максути, денеска беа на терен кај вештачкото езеро. Во потрагата на момчето кое минатата недела исчезна …

Continue Reading

Трамп официјално ќе биде обвинет за заговор против државата

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп на денешното судско рочиште официјално ќе биде обвинет за заговор за поништување на неговиот пораз на изборите во 2020 година. Трамп случајот го нарече доказ за „корупција, скандал и неуспех“ на претседателствувањето на Џо Бајден. Пред рочиштето во Вашингтон е зголемено обезбедувањето. Иако на Трамп му беше понудено да се јави пред судот преку видеоврска …

Continue Reading

Навални: Наскоро ќе добијам уште една „сталинистичка“ казна

Опозицискиот руски политичар Алексеј Навални денеска изјави дека очекува да биде осуден на сталинистичка казна од приближно уште 18 години затвор. Навални веќе отслужува неколку казни во вкупна вредност од повеќе од 11 години затвор под обвинение за измама и други прекршоци кои тој ги смета за лажни. Неговото политичко движење беше забрането и прогласено за екстремистичко. -Ќе ми биде …

Continue Reading

НБ: Промени во задолжителната резерва за понатамошна поддршка на денаризацијата и зголемување на каматните стапки за 0,15 процентни поени

Каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за 0,15 процентни поени до нивото од 6,15 отсто, одлучи Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на седницата што се одржа на 1 август, на која беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на …

Continue Reading

Без вода корисниците од улица „Каирска“

Поради уличен дефект на ул.„Каирска“ 1, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ќе биде прекинато од 14:45 часот до завршување со санација на дефектот.

Continue Reading

Во Казахстан, огласи за приклучување во руската армија

На екраните на интернет корисниците во Казахстан почнаа да се појавуваат огласи за приклучување во руската армија. Огласите ги прикажуваат руското и казахстанското знаме и слоганот „рамо до рамо“ и нудат плата поголема од 4.000 фунти. Во огласите стои ветување за еднократна исплата од 495.000 руски рубљи за тие кои ќе потпишат договор со руските воени служби, заедно со месечна …

Continue Reading

Беќаровски: Најголем дел од специјализантите дежураат без пари, нивните права треба да бидат регулирани

Најголем дел од специјализантите дежураат без пари, нивните права треба да бидат регулирани, изјави денеска на прес-конференција во просториите на Синдикатот на Клинички центар, доктор Нико Беќаровски. Тој ги повика сите специјализанти да се приклучат во работата на Синдикатот. – За нив ќе биде обезбедена и посебна единица и како синдикално раководство, заедно со лекарскиот одбор, ќе се погрижиме во …

Continue Reading

Мелони го тужи пејачот на бендот „Плацебо“ зашто ја нарекол „фашистка“

Италијанската премиерка Џорџија Мелони поднесе тужба против Брајан Молко, пејачот на британскиот бенд „Плацебо“, откако тој ја навреди на концерт во близина на Торино минатиот месец. За време на настапот на 11 јули на музичкиот фестивал „Соник Парк“, Молко извика од сцената пред италијанската публика од пет илјади луѓе дека Мелони е „расистка“ и „фашистка“, по што локалните власти го …

Continue Reading