Лагард: ЕЦБ може да ги зголеми каматните стапки или да направи пауза до следната седница

Европската централна банка (ЕЦБ) може повторно да ги зголеми каматните стапки или да направи пауза до следниот состанок, со која било одлука во зависност од најновите податоци, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард. ЕЦБ додека се бори со висока инфлација на 28 јули деветипат ги зголеми трошоците за заеми. Лагард во интервју за францускиот весник Фигаро нагласи дека сè уште …

Continue Reading

Изгоре автомобил кај Струмица

Денеска во 09:30 часот изгоре автомобил на патот меѓу селата Муртино и Сачево, кај Струмица. Според информацијата од ТППЕ Струмица, во гаснењето на автомобилот учествувале едно против пожарно возило и тројца пожарникари. Пожарот бил во разгорена фаза при што било спречено негово натамошно ширење, но причинета е значителна материјална штета. Според првичните сознанија пожарот настанал од самозапалување на автомобилот.

Continue Reading

УНЕСКО повикува на глобална забрана за паметните телефони во училиштата

УНЕСКО, образовна, научна и културна институција на Обединетите нации објави Глобален извештај за мониторинг на образованието во изминатите 18 години, во кој предлага сеопфатна проценка и препораки за образованието ширум светот. Во овогодинешниот извештај посебен акцент е ставен на „забраната на мобилните телефони“ и нивното влијание врз образованието. Во извештајот на УНЕСКО се нагласува директната врска помеѓу прекумерната употреба на …

Continue Reading

Полска ја одбележува 79-годишнината од Варшавското востание

Во Полска денеска се одбележува 79-годишнината од Варшавското востание, битката против германските нацисти која траеше 63 дена, во која загинаа 200.000 цивили, а Варшава беше срамнета со земја. Варшавското востание, кое се смета за една од најголемите операции во Втората светска војна, започна на 1 август 1944 година, а заврши на 2 октомври 1944 година. Иако се мислеше дека нема …

Continue Reading

Николовски за овчеполските протести: Сите што плаќаат, треба да добиваат вода за наводнување

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска, во врска со протестите на земјоделците од Овчеполието, порача дека сите што плаќаат, треба да добиваат вода за наводнување. Тој уште еднаш укажа на неопходноста од реструктуирање и децентрализација на АД „Водостопанство“ за подружниците, кои се најблиску до земјоделците и најдобро ги знаат нивните проблеми, да добијат повеќе можности и слобода …

Continue Reading

Со Цевитана до набавката на шаховски табли за основните училишта

Со секоја купена Цевитана ќе се помага набавката на шаховски табли за основните училишта низ државата. Витаминка започна кампања со која во следните три месеци, ќе се издвојуваат средства од продажбата на Цевитана и ќе бидат наменети за купување шаховски табли за оние училишта каде шахот е дел од наставната програма. Иницијативата за нејзиното создавање и ставање на брендот Цевитана …

Continue Reading

Меџити: Нема простор за загриженост поради вируси

Ги следиме сите состојби и понатаму ќе одлучиме во зависност од состојбата. Засега нема ништо алармантно, вели министерот за здравство Фатмир Меџити, на новинарско прашање дали има простор за загриженост поради вируси. Тој беше прашан и дали се зголемува бројот на лица под лекарски надзор, со оглед на случајот со конго-кримска хеморагична треска. – Имаме еден случај потврден од службите …

Continue Reading

На „Табановце“ за влез во државата се чека околу 40 минути, исто толку се чека и на „Богородица“ за излез

На граничниот премин „Табановце“ за влез во државата се чека околу 40 минути. Исто толку се чека и на граничниот премин „Богородица“ за излез од државата, информираат од АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Continue Reading

Првачињата во основните училишта во Кочани ќе добијат еднократна парична помош од општинскиот буџет

Сите запишани првачиња во основните училишта во општина Кочани за претстојната учебна година ќе добијат еднократна парична помош од по три илјади денари, што ќе им биде исплатена од општинскиот буџет. Едногласна одлука за финансиската поддршка донесе Советот на Општина Кочани на последната седница, на која беше усвоен и ребалансот на буџетот за оваа година. Предлогот за исплата на паричната …

Continue Reading