Утре променливо облачно со максимална температура до 30 степени

 – Времето утре во утринските часови ќе биде променливо облачно, во западните делови со локален дожд. Преку денот насекаде сончево со мала до умерена облачност, ветровито и значително посвежо. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието и во источните делови (на повеќе места со брзина над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 12 …

Continue Reading

Во Велес започнаа со работа три од предвидените пет работилници за обновување на старите занаети

Невладината „Разбој” од  Велес во партнерство со Здружение на финансиски работници денеска започна со одржување на три од петте предвидени работилници за обновување на старите занаети. Работилницата за грнчарство се одржува во Спомен куќата на Коста Солев Рацин, а за ткаење и изработка на накит во Куќата на Касапови, двете во стариот дел од градот. Работилниците се дел од проектот …

Continue Reading

Во Украина исчезнала хуманитарната помош вредна милион долари

Во Лавов исчезнала хуманитарната помош вредна околу еден милион долари, јави украинскиот портал NGL.media. – Се работи за случај на исчезнување на околу 10.000 ИФАК тактички комплети за прва помош, со вкупна вредност од 33,6 милиони гривни, кои биле купени и испратени од американски доброволци за вооружените сили на Украина, пишува порталот, повикувајќи се на резултатите од истражувањето на новинарот. …

Continue Reading

Пожари во близина на грчките градови Велестино и Ламија, превентивно евакуирани населени места

Освен на Родос и Крф, каде што пожарите сè уште не се ставени под контрола и противпожарните сили водат битка со огнената стихија, попладнево избија нови пожари во близина на градовите Ламија и Велестино во централна Грција, а превентивно беа евакуирани населени места, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос попладнево информираше дека …

Continue Reading

Во елитната населба Џорџтаун се продава ѕид за 50,000 долари

Во Џорџтаун, елитната населба во американската престолнина Вашингтон, каде куќите чинат милиони долари, огласена е недвижност по цена од 50,000 долари, соопшти синоќа Вашингтон пост. Има централна локација, во непосредна близина на трендовски бутици, продавници и популарни ресторани, на десет минути пеш до кејот на Потомак. -Возможностите се безгранични, се наведува во огласот на интернет. Но имотот не е дом, …

Continue Reading

Се урна кран во Њујорк, шест лица повредени

Шест лица, меѓу кои двајца пожарникари, се повредени откако денеска се запали горниот дел на градежен кран и се урна на 10-та авенија на Менхетен, соопштија властите. Пожарникарите и спасувачите пристигнале на местото на несреќата по дојава дека избувнал пожар во кабината на кранот, по што тој паднал. Несреќата се случила во њујоршкиот кварт Менхетен, во близина на комплексот Хадсон …

Continue Reading

Гана ја укина смртната казна 30 години по последната егзекуција

Парламентот на Гана денеска го изгласа укинувањето на смртната казна за сите злосторства, освен за предавство, со што го потврди мораториумот за егзекуции во изминатите три децении. Според новиот закон, казните на 176 осуденици на смрт, меѓу кои и шест жени, ќе бидат заменети со доживотен затвор. -Гана ги поддржува уставните и основните човекови права на сите, изјави Енох Јенгре …

Continue Reading

Комитетот на ОН го осуди кршењето на човековите права во Уганда

Комитетот за човекови права на Обединетите нации (ОН) во извештајот објавен денеска ги осуди вонсудските убиства во Уганда во последните години, како и другите прекршувања на човековите права. Тој, исто така, ги повика властите во источноафриканската земја да го укинат неодамна усвоениот закон со кој се пропишува смртна казна за некои хомосексуални дела. Комитетот укажа на извештаите за произволни апсења …

Continue Reading

Во Фабриката за вода има доволни количества на вода за пиење, но сепак треба рационално да се користи, апелираат од ЈКП „Дервен“

Во Фабриката за вода на Велес, попозната како Филтерстаница, има доволни количества на вода иако деновиве со наглото зголемување на температурите над 40 степени Целзиусови потрошувачката на вода во Велес е зголемена од 189 на 260 литри во секунда. Како што информираат за МИА од ЈКП„Дервен“, во попладневните и вечерни часови од 17 до 23 часот поради енормно зголемена потрошувачка …

Continue Reading