Претрес во Кондово, пронајдени дрога, пушка и куршуми

Полициски службеници од Единицата недозволена трговија при СВР Скопје во содејство со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска го привеле триесет и едногодишениот Р.С. од скопското село Кондово. Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, автоматска пушка, неколку куршуми за автоматска пушка и осум …

Continue Reading

Молдавија ќе го намали бројот на руски дипломати

Шефот на молдавската дипломатија и вицепремиер Нику Попеску денеска најави дека ќе биде ограничен бројот на руски дипломати акредитирани во Кишињев. Молдавија вчера повика руски дипломати поради медиумските извештаи дека Амбасадата на Русија во Кишињев поставила голема количина сателитска опрема на нејзиниот покрив, што може да се користи за шпионажа. Односите помеѓу Кишињев и Москва се тензични откако Русија ја …

Continue Reading

Променето нивото на дозволени остатоци од никотин во чаевите и зачините во ЕУ

Европската унија на предлог на Евркомисијата усвои Регулатива за измена и дополнувања на правилата за максималните дозволени нивоа на остатоци од никотин во одредени производи, како чаеви, зачини и цимет. Станува збор за измени на Регулативата за максималните нивоа на остатоци на пестициди во храната и добиточната храна од растително и животинско потекло, во делот кој се однесува на максималните …

Continue Reading

Неколку пожари на подрачјето на кумановско, изминатово деноноќие

Шест хектари површина гореле во кумановското село Јачинце, соопшти денеска регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Пожарот, како што наведуваат се случил во попладневните часови, зафатил, сува трева, стрниште и еден помошен објект. Во гасењето учествувале пожарникари од Куманово и од Старо Нагоричане. Вчера, во Куманово горела и површина кај Спомен костурницата. Пожарникарите интервенирале во четири наврати во близина …

Continue Reading

Кулминира топлотниот бран во Грција, денеска најтоплиот ден со температури до 46 степени

Најтопол, но и последен ден од топлотниот бран се очекува да биде денешниот ден во Грција, со температури што во одредени делови од земјата ќе достигнат до 45-46 степени Целзиусови, јави дописничката на МИА од Атина. Според Националната опсерваторија во Атина и порталот „Метео“, над 41 степен Целзиусови ќе бидат измерени во делови на земјата што опфаќаат   8,5 милиони …

Continue Reading

Истражување: Здравите навики можат да го продолжат животот за 24 години

Резултатите од истражувањето спроведено од Медицинскиот колеџ во Илиноис покажуваат дека усвојувањето на осум здрави навики во средните години можат да го продолжат животот за 24 години. Научниците го испитувале влијанието на непушењето, здравата исхрана, добриот сон, управување со стресот, физичка активност, позитивни социјални односи со други луѓе, избегнувањето на алкохол и независност од опиоиди (аналгетици против силни болки). Жените …

Continue Reading

Камбоџанскиот премиер Хун Сен најави дека ќе поднесе оставка

Камбоџанскиот премиер Хун Сен, еден од лидерите со најдолг стаж во светот, денеска изјави дека ќе поднесе оставка и ќе му ја предаде власта на својот најстар син, по речиси четири децении тврдокорно владеење. „Би сакал да побарам разбирање од народот, бидејќи најавувам дека нема да продолжам како премиер“, нагласи тој во специјален пренос на државната телевизија. Хун Сен додаде …

Continue Reading

Шефови на ЦИА и МИ6: Важна е војната со Русија, но главната цел и закана за Западот е Кина

Шефот на ЦИА Вилијам Барнс и шефот на британската разузнавачка служба Ричард Мур излегоа од вообичаената тајност при работењето на нивните служби, сакајќи јасно да стават до знаење дека за вредностите и интересите на либералната демократија на Западот, сега, во изменетиот свет, од клучно значење е борбата против обидот на Русија да доминира барем со дел од Украина и соочување …

Continue Reading

Пет мртви во пожарите и невремето во Италија

Најмалку пет лица го загубија животот во Италија во невремето на северот и во пожарите на Сицилија, поради што Владата прогласи вонредна состојба во најтешко погодените области. „Со голема тага ја примив веста за два несреќни случаи предизвикани од невремето, во кои животот го загуби 16-годишно девојче во извиднички камп во Бреша (на север) и жена во Лисоне (во северот) …

Continue Reading