Јапонското министерство за економија и ТИРЗ со заеднички иницијативи за засилена економска соработка

Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски оствари средба со помошникот министер за економија на Јапонија, и генерален директор на Директоратот за трговски политики Матсуо Такехико. И двајцата ја нагласија важноста од засилена економска соработка меѓу Јапонија и Северна Македонија особено во светло на глобалните политички и економски предизвици, а се разговараше и за конкретни иницијативи за соработка. „Јапонија има огромен економски …

Continue Reading

Американец го скрши ветробранското стакло за да си го спаси бебето од прегреано возило

Неподносливите горештини што изминативе недели се забележани во многу земји во светот со себе носат и големи здравствени проблеми, па лекарите секојдневно даваат совети и инструкции за населението. Престојот во прегреан автомобил е една од опасностите којашто одзема десетици животи секоја година бидејќи на овие температури буквално се потребни само неколку минути за топлотен удар. Така, деновиве на интернет се …

Continue Reading

Со широко мнозинство грчкиот Парламент го изгласа новиот закон за гласање од странство

Новиот закон со кој се укинуваат сите досегашни ограничувања за гласање на Грците кои живеат во странство, синоќа беше изгласан со широко мнозинство во грчкиот Парламент и со поддршка од 208 пратеници, јави дописничката на МИА од Атина. .„За“ гласаа владејачката Нова демократија и опозициските ПАСОК, Победа и Курс на слободата, против беа СИРИЗА и Комунистичката партија, а Грчко решение …

Continue Reading

Британската Влада не се справува со заканата од Вагнер, се вели во извештај на Комисија до британскиот Парламент

Велика Британија ја потценува опасноста што ја создава приватната воена компанија „Вагнер“, а санкциите воведени против неа во моментов се „крајно недоволни“, се вели во извештајот на Комисијата за надворешни работи до британскиот Парламент, јави ДПА. Авторите на извештајот истакнуваат дека Владата досега не ја сфатила сериозно опасноста од Вагнер и другите платенички компании и бараат организацијата на Евгениј Пригожин …

Continue Reading

Казни за 218 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 218 возачи. Од нив, шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе …

Continue Reading

Гвардиола: Се надеваме дека Вокер ќе остане во Сити

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, изрази надеж дека одбранбениот фудбалер Кајл Вокер ќе остане во клубот. – Се надеваме дека Кајл ќе остане со нас. Можам да кажам дека тој е многу важен играч за нас. Ќе се бориме за него, ги цитира зборовите на Гвардиола, инсајдерот Фабрицио Романо. Претходно беше објавено дека Вокер го информирал Гвардиола за неговата …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Скопје одбележува 60 години од катастрофалниот земјотрес

Градот во кој што живееме, градот Скопје,  во своето минато забележал многу датуми кои останале трајно врежани во нашата колективна меморија. Дали од лично искуство или по кажување на нашите родители и постари роднини, сведочиме за многу настани кои по добро или пак по лошо оставиле белег на нашата метропола. Голем број на непогоди го обликувале ликот на градот Скопје. …

Continue Reading

Борел за палењето на Куранот: ЕУ е против верската омраза и нетолеранција

По неодамнешните постапки на поединци во Европа кои беа навреда за многу муслимани, Европската Унија го повторува своето силно и решително отфрлање на каква било форма на поттикнување верска омраза и нетолеранција, изјави денеска високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел. Неодамна, примероци од Куранот беа запалени пред амбасадите на земји како Египет или Турција во …

Continue Reading

Приведен струмичанец, баран по потерница за издржување на седумгодишна затворска казна

Во Струмица вчера во 13.30 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни Струмица го привеле струмичанецот С.Т.(26). Од МВР денеска информираа дека тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Струмица за издржување на затворска казна во траење од седум години за сторено кривично дело по член 193-а од Кривичниот закон. Лицето било предадено во …

Continue Reading