Еден руски новинар е убиен, а тројца се повредени во близина на линијата на фронтот во Украина

– Руски воен дописник загина, а тројца новинари се ранети во борбената зона кај Запорожје во јужна Украина. Руското Министерство за одбрана соопшти дека новинарите се жртви на украинско гранатирање со касетна муниција, пренесува ДПА. Ростислав Журављов, дописник на руската државна новинска агенција Риа Новости, им подлегнал на повредите на пат кон теренската болница. Повредени се фоторепортер кој работи за …

Continue Reading

Нова смрт на велосипедските патеки

– Младиот 17-годишен италијански велосипедист Џакопо Венцо почина изминатата ноќ, подлегнувајќи им на повредите што ги здоби за време на трка, соопшти денеска официјално неговиот тим. Венцо настапи на јуниорска трка во Австрија и доживеа пад на спуст делница. Веднаш беше пренесен во болница, но лекарите не успеаја да го спасат неговиот живот. Ова е втора смрт на велосипедските патеки …

Continue Reading

Противниците на правосудните реформи на Нетанјаху се собираат во Ерусалим пред клучното гласање во Кнесетот

 – Илјадници Израелци тргнаа денеска кон Ерусалим со цел да го спречат усвојувањето на правосудните реформи што сака да ги спроведе премиерот Бенјамин Нетанјаху, а со кои ќе се ограничат овластувањата на Врховниот суд. Владата на Нетанјаху, во која се вклучени и претставници на ортодоксните Евреи и екстремната десница, тврди дека реформата, која парламентот треба да ја изгласа в понеделник, …

Continue Reading

Димитриеска Кочоска: Младите сакаат да се иселат, а власта им продава приказни дека 24 годишен анонимус може да ја купи Соравија

Една од причините мотивите за вклучување во политиката ми беше да се подобри животот на младите во Македонија за да ни останат тука.. Јас сум мајка на два сина кои се мали за да зборуваат за иселување, но ќе дојде момент кога тоа ќе се случи и гледајќи ги како растат си го поставувам прашањето зошто младите се иселуваат. Секојдневно …

Continue Reading

Седумкратниот македонски првак Богдановски одигра симултанка во Свети Николе

 – Македонскиот велемајстор и член на шаховскиот клуб Алкалоид, Влатко Богдановски, во чест на Светскиот ден на шахот, одигра симултанка на 15 табли во Градскиот парк во Свети Николе. Иницијативата за настанот беше да се даде импулс за обновување на шаховскиот клуб во оваа општина, каде што во моментов функционира само шаховска школа. Тоа се одрази и врз учесниците, кои …

Continue Reading

Британско разузнавање: Апсењето на национачистичкиот блогер Игор Гиркин ќе разгневи дел од руската војската

 – Апсењето на рускиот воен блогер Игор Гиркин најверојатно ќе налути дел од руската војска и други воени блогери кои ја поддржуваат руската војна во Украина, покажува најновиот извештај на британските разузнавачки служби, цитиран од ДПА. Гиркин, поранешен разузнавач и водечки националистички воен блогер, вчера беше уапсен поради екстремизам. „Гиркин долго време го критикуваше однесувањето на руското Министерство за одбрана …

Continue Reading

Црвен крст Делчево со активности за заштита на населението од топлотниот бран

 – Волонтерите при Клуб на млади на Црвен крст на РСМ при Општинската организација Делчево продолжија со активностите за справување со топлотниот бран. Согласно препораките на надлежните институции, а како дел од системот за одговор и дејствување при катастрофи и здравствено превентивно дејствување тие денес поделија шишиња со вода на најфрекфентните локации во градот. -Со делење шишиња вода денес волонтери …

Continue Reading

Еден загинат и двајца повредени во напад со нож во психијатриски центар во Копенхаген

– Едно лице загина, а две се повредени при прободување со нож во психијатриски центар западно од Копенхаген, соопшти данската полиција. Станува збор за тројца вработени во болничкиот центар, а еден од повредените се уште е на лекување. Полицијата засега не се открива идентитетот на жртвите, ниту кој е сторител на злосторството во Глоструп, предградие на Копенхаген. Полицијата само соопшти …

Continue Reading

Пожар кај депонијата во Ново Лисиче, нема опасност за ширење

– Пожар избувнал кај депонијата во скопската населба Ново Лисиче денеска околу 13 часот, а по интервенцијата на противпожарните служби е ставен под контрола. -Пожарот е редуциран, противпожарната служба интервенираше со три возила и сега е надвор од опасност за ширење, информираа за МИА од Противпожарната бригада на Град Скопје. Со пожарот, како што посочија, се зафатени сува трева и …

Continue Reading