Без вода дел од улицата „Вера Вучкова Жежељ“ во Хиподром

Прекин на водоснабдување денеска од 11 часот ќе имаат корисниците на дел од улицата „Вера Вучкова Жежељ“ број 239 во Хиподром. Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека причина за прекинот на водоснабдувањето е дефект на истата улица и дека прекинот ќе трае се до завршување со санација на дефектот.

Continue Reading

Европската комисија добитник на Светската награда за мир и слобода

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска ќе престојува во Њујорк, каде во името на институцијата на ЕУ со која раковиди ќе ја прими Светската награда за мир и слобода. Церемонијата на врачување на наградата, што ја доделува Светската асоцијација на правници, ќе се одржи во седиштето на Економскиот и социјален совет на ОН. Во образложението на Светскиот …

Continue Reading

Заврши првата фаза од регистрација на штетите од пожарите во близина на Атина, најавени мерки за помош на погодените

Тимови од Генералниот секретаријат за санирање на штетите од елементарни непогоди ја завршиле првата фаза од евиденцијата и процените на штетите во општините во областа Атика поширокиот регион на Атина, зафатени од пожарите, а паралелно се соопштени мерки за поддршка на погодените, јави дописничката на МИА од Атина. Од 151 проверен објект, односно домови, деловни простори, магацини и слично во …

Continue Reading

Петровска во посета на извидниците во кампот на извидничка смотра под мотото „Достигни ги височините“ во Крушево

Министерката за одбрана Славјанка Петровска вчеравечер во Крушево го посетила кампот на Сојузот на извидници на Македонија кои деновиве под мотото „Достигни ги височините“, ја организираа 13. Македонска извидничка смотра на која учествуваа околу 800 извидници од 16 држави. На младите извидници и љубители на природата, министерката Петровска им честитала што ги негуваат извидничките вредности и градат свет без предрасуди, …

Continue Reading

Нов руски ракетен напад врз Одеса – гаѓани земјоделски комбинати

Руските сили ноќеска, четврта ноќ по ред, го нападнаа украинскиот пристанишен град Одеса. Гувернерот на регионот Одеса, Олех Кипер, наведе дека Русите ноќеска напдите ги префрлиле од пристанишната инфраструктура кон земјоделските комбинати во регионот. „Русите ја нападнаа Одеса со крстосувачки ракети „Калибр“ од Црното Море. Обидувајќи се да ги заобиколат системите за противвоздушна одбрана, непријателот ги насочи ракетите на минимална …

Continue Reading

Приведен битолчанец по централна потерница за издржување казна затвор од 6,3 години

МВР соопшти дека вчера на улицата „Караорман“ во Битола полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Д.Џ.(22) од Битола кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од шест години и три месеци за сторени кривични дела по член 238, 242, 236 и 396 од Кривичниот законик. Д.Џ. …

Continue Reading

НАСА: Овој месец ќе биде најтопол во илјадници години, 2024 ќе биде уште потопла

Јули 2023 година веројатно ќе биде најтоплиот месец во последните стотици, ако не и илјадници години, изјавија научници на НАСА на тркалезната маса со новинари, предупредувајќи дека топлината само ќе се влошува. – Гледаме невидени промени ширум светот. Топлотните бранови што ги гледаме во САД, Европа, Кина и уривањето на температурните рекорди … Не е изненадување, рече Гевин Шмит, директор …

Continue Reading

Костадиновски: Дијаспората, преку портфолио инвестиции може да помогне во просперитетот на Македонија

Инвестирањето во Македонија може да биде профитабилно и наградено бидејќи македонскиот финансиски систем претрпе значителни трансформации во последните три децении и ги има сите потребни алатки и институции со кои инвеститорите можат да остварат капитални добивки користејќи го потенцијалот на земјата. Ова го пренесе Коста Костадиновски, директор на Капитал Ассет Менаџмент, пред македонските иселеници на првиот симпозиум во организација на …

Continue Reading

Во Кумановско за 20 дена 37 пожари

Од почетокот на месецов до денеска, кумановската противпожарна единица интервенирала на 37 пожари, од кои 22 се случиле на отворено, информираа денеска од ТППЕ. -Од почетокот на месецот имаме 37 интервенции, на неколку опожарени куќи, архивата на кумановскиот суд, стан, а останатите се интервенции на отворено, изјави заменик командирот на ТППЕ Куманово, Борис Станковски. Вчера во Кумановско и Липковско гореше …

Continue Reading