Поранешниот претседател на Барселона, Бартомеу, обвинет за финансиска проневера

– Каталонската полиција го сомничи поранешниот претседател на Барселона, Жозеп Бартомеу за проневера на парите на клубот, објави „Cadena SER“.   Шеесетгодишниот шпански стручњак го искористил договорот на Барселона со „Амалгама Маркетинг“ за да изврши плаќања за лични цели. Оваа организација работеше на изборната кампања на самиот Бартомеу. Покрај тоа, сопственикот на компанијата, Микел Самболе, беше вклучен во уривањето на еден …

Continue Reading

Исмет Гури донесен во Основен кривичен суд Скопје

– Функционерот на ДУИ, Исмет Гури, е донесен во Основниот кривичен суд Скопје, потврдуваат од Судот за МИА. Поранешниот заменик директор во дирекцијата на Управата за јавни приходи во Скопје е еден од осомничените во истрагата која се води против 15 лица кои се сомничат за даночно затајување, злосторничко здружување и перење пари, за која соопштија утрово од Обвинителството. Од …

Continue Reading

Двокатен автобус попладнево се запали на булеварот „Киро Глигоров“

– Двокатен автобус се запалил околу 15:30 часот на булеварот „Киро Глигоров“ во Скопје. Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески за МИА информира дека е интервенирано со едно возило и пет пожарникари и дека пожарот е целосно изгаснат. Претходно, пожар имаше и на депонијата кај Аква паркот кај салата „Борис Трајковски“ на кој интервенираа 14 пожарникари …

Continue Reading

Верстапен: Сакам да водам, да бидам пред сите, тоа е она во што најмногу уживам

– Пилотот Ред Бул Макс Верстапен ги процени шансите на тимот да ги освои сите Гран при оваа сезона. Верстапен истакна дека рекордите не му се цел, туку сака само да победува. – Ќе биде многу тешко да се остане непоразен цела сезона. Но, јас секогаш верувам во себе. Ми се чини дека ова е важно, дека ова е генерално најважното …

Continue Reading

Горниот дом на рускиот Парламент ги забрани операциите за промена на полот

– Горниот дом на рускиот Парламент денеска едногласно го одобри законот со кој се забрануваат операции за промена на полот, со дополнителни клаузули кои ги поништуваат браковите во кои едно лице „го променило полот“ и им забранува на трансродовите лица да станат згрижувачи или посвоители. Останува претседателот Владимир Путин да го потпише законот. Законот забранува какви било „медицински интервенции насочени …

Continue Reading

Федералниот суд го одби барањето на Трамп за ново судење

– Федералниот судија Луис Каплан денеска го отфрли барањето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за ново судење во граѓанскиот случај што го покрена Е. Џин Керол, кога поротата утврди дека Трамп е одговорен за сексуален напад и клевета на писателката и и досуди 5 милиони долари отштета. Во одлуката на 59 страници, Каплан рече дека поротата не постигнала „сериозно …

Continue Reading

Улицата 6 во Бардовци две недели без вода, според надлежните се работи на решавање на проблемот

– Жителите на улицата 6 во Бардовци во Општина Карпош деновиве се оставени без вода. Екипите на МИА го посетија овој дел од населбата, при што мештаните ни посочија дека вода немаат за основни потреби, а проблемот постои речиси две недели. -Во 21 век немаме основно нешто а тоа е водата. Немаме капка вода да се напиеме. Имаме мало дете …

Continue Reading

Балкански барометар: Албанија со нов рекорд за корупција во 2023 година

– Во најновите резултати од истражувањето на Балканскиот барометар 2023 година на Регионалниот совет за соработка, албанските граѓани мислат дека нивната земја е покорумпирана во споредба со сите други земји од Западен Балкан. – Oд испитаните албански граѓани 38 отсто сметаат дека корупцијата е важен проблем за економијата на земјата. Оваа перцепција е највисока во регионот во 2023 година, со …

Continue Reading

Османи: Не смее да се пропушти актуелниот моментум да бидеме на брзата патека кон ЕУ

– Една година од отпочнувањето на преговорите со ЕУ. Никогаш не се поколебавме во европската иднина на нашата држава. Покажуваме високо ниво на подготвеност на нашата администрација во рамки на скрининг процесот, објави на официјалната Фејсбук страница шефот на дипломатијата Бујар Османи. Османи додава дека „посветено, во континуитет, работиме за повеќе интеграција и бенефити за нашите граѓани долж патот кон …

Continue Reading