Ковачевски: Информациите за рудникот Иловица прво ќе бидат доставени до Владата, а потоа ќе се споделат и со медиумите

Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека сите информации поврзани со рудникот Иловица најпрво ќе бидат доставени до Владата, а потоа министерот за економија Крешник Бектеши ќе ги сподели и со медиумите. Одговорајќи на новинарско прашање по теренската посета на делницата Градско – Дреново, Ковачевски повтори дека ако граѓаните не сакаат, рудник нема да има. -Вчера вицепремиерот Битиќи на прес-конференција одговори …

Continue Reading

Во Брисел почна средбата меѓу Лајчак и Петковиќ

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, утринава во Брисел се сретна со директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петер Петковиќ, како дел од продолжението на дијалогот, јави Бета. Лајчак треба да се сретне и со главниот косовски преговарач, Бесник Бисљими, а ЕУ се надева дека ќе се одржи и трилатерална средба, но тоа, …

Continue Reading

Украински разузнавачи: Ние го разнесовме магацинот во руска база, Русите го кријат бројот на загинати

Шефот на воената разузнавачка служба на Украина, Кирило Буданов соопшти дека синоќешната експлозија на складиште за муниција во руска воена база на окупираниот Крим е операција на украинските специјални сили. – Успешно спроведовме операција на окупираниот Крим. Непријателот го крие обемот на штетата и бројот на жртвите, објави Буданов на својот канал на Телеграм.

Continue Reading

Костадиновска-Стојчевска: „Синедејс“ на плус 40 степени на скопскиот асфалт, беше како извор на пријатна свежина

Со македонската премиера на филмот „Бизнисот на задоволството“ во режија на Гоце Цветановски, во Младинскиот културен центар заврши 22 – то  издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ (CINEDAYS). Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, при затворањето на овој  фестивал, го истакна творечкиот и уметнички потенцијал на врвните македонски и европски авторски филмски остварувања. − Во изминатите шест дена, секој прикажан …

Continue Reading

За брзо возење 254 казнети на територијата на цела држава

Казнети се 254 возачи во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. Од МВР денеска информираа дека од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури …

Continue Reading

Четиричасовен прекин со работа најавија чуварите на археолошките локалитети во Грција поради топлотниот бран

Археолошките локалитети во Грција од утре до недела, деновите за кога е најавен нов топлотен бран во земјата, ќе бидат четири часа затворени поради прекинот со работа на чуварите на археолошките локалитети, со цел да се заштити здравјето на вработените и посетителите, јави дописничката на МИА од Атина. Од Грчкото здружение на службениците- чувари на археолошките локалитети соопштија дека во …

Continue Reading

Војната во Украина фрли сенка и врз Самитот ЕУ-ЦЕЛАЦ

Неколку десетици лидери на членките на ЕУ и на Задницата на државите од Латинска Америка и Карибите (ЦЕЛАЦ) се собраа изминативе два дена на средба во Брисел на која разговараа климатските промени, трговската соработа, инвестииците и борбата против нееднаквоста и шверцот на дрога, но прашањето околку војната во Украина ги покажа геополитичките разлики и непомирливи ставови меѓу дел од земјите …

Continue Reading

Делови од Илинден и Карпош без струја

Делови од општините Илинден и Карпош во различни периоди од денов ќе бидат без електрична енергија. Како што информираат од РЦУК – Скопје, од 08.00 до 12.00 часот нема да имаат струја корисниците  лоцирани на патот од село Кадино кон село Миладиновци – викендици Кадино, додека, пак, од 08.30 до 10.30 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од …

Continue Reading

ВМРО НП ја поздравува одлуката на Владата за усвојување на Предлогот за уставни измени

ВМРО-Народна партија ја поздравува одлуката на Владата за усвојувањето на Предлогот за пристапување кон измена со насоки за измена и дополнување на Уставот. Уште еден чекор напред кон остварувањето на многугодишната заложба за приклучување на Македонија кон Европското семејство. Ова е важен и охрабрувачки чекор кон зацврстување и интензивирање на аспирациите за полноправно членство на Македонија во Европската унија. ВМРО-Народна …

Continue Reading