Ристовски нов извршен директор, Стоилов помошник-тренер и координатор во Вардар

Борко Ристовски е нов извршен директор на најтрофејниот македонскиот ракометен клуб Вардар, додека Стојанче Стоилов е назначен за помошник тренер и координатор на младинските категории. За завршувањето на кариерите на Ристовски и Стоилов во ракометот како играчи беше соопштено на денешната прес-конференција на „црвено-црните“. – Борко Ристовски е наша ракометна легенда. Тој добива нова функција во раководната структура – извршен …

Continue Reading

Меџити: Лично ќе иницирам инспекциски надзори и при најмал сомнеж за оштета на пациенти

Лично ќе иницирам инспекциски надзор за секој случај за кој постои и најмал сомнеж за оштета на пациенти, истакна министерот за здравство Фатмир Меџити на денешната работна средба со директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Рената Младеновска. На средбата која се реализираше по иницијатива на министерот Меџити, како што соопшти Министерството за здравство, беше разговарано и за актуелните случувања …

Continue Reading

Во тек акција против 15 физички и три правни лица, од кои три од УЈП

Полицијата во координација со ОЈО ГОКК изутрината на повеќе локации во Скопје врши претреси, а има и приведени повеќе лица, потврдија за МИА од МВР. Акцијата се спроведува против 15 физички и три правни лица. Од нив, како што потврдија извори од истрагата за МИА, три лица се од УЈП, од кои едниот е заменик-раководител, останатите се бизнисмени. Се товарат …

Continue Reading

Вон контрола пожарите на грчкиот остров Родос и во западниот дел на областа Атика, се евакуираат села

Три села и хотел во планински дел на грчкиот остров Родос и две села во Мегара, во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, се евакуираат поради пожарите што сè уште не се ставени под контрола, јави дописничката на МИА од Атина. Преку бројот 112 за итни случаи од жителите на селата во близина на пожарот, како во …

Continue Reading

Најмалку 34 лица изгореа во сообраќајна несреќа во Алжир

Најмалку 34 лица загинаа, а 12 се повредени во судар на автобус и автомобил во Алжир што се случил денеска, соопшти алжирската противпожарна служба. Несреќата се случила околу 4 часот по локално време во градот Таманрасет, на околу 1.500 километри јужно од главниот град Алжир, соопшти противпожарната служба. По сударот избувнал пожар при што изгореле 34 лица, се наведува во …

Continue Reading

Шефот на МИ6 вели дека вештачката интелигенција нема да ги замени агентите

Вештачката интелигенција (ВИ) ќе го промени светот на шпионажата, но нема да може да ги замени агентите, изјави денеска шефот на британската разузнавачка агенција МИ6, Ричард Мур. Мур во Прага зборуваше за растечката закана за Западот што ја претставуваат Русија и Кина и објасни дека „човечкиот фактор“ ќе остане клучен во ера во која машините кои имаат способност да учат …

Continue Reading

Кина ги финализира плановите за првото слетување со луѓе на Месечината

Кина ги привршува плановите за првото свое слетување со луѓе на Месечината во историјата. Според најавите, тоа би требало да се случи до крајот на ова десетлетие. На 9. Меѓународен форум за комерцијална авијација во Вухан, заменикот-главен инженер на Кинеската вселенска агенција, Жанг Хаилијан го претстави прелиминарниот план за испраќање двајца астронаути на Месечината пред 2030 година. На презентацијата беше …

Continue Reading

Жените ќе бидат мнозинство во новата холанска Влада

Кога Мариел Пол ќе положи заклетва како министерка за основно и средно образование, холандската Влада за прв пат ќе има повеќе женски членови отколку машки членови. Ова ќе ја смести Холандија во мала група земји каде жените сочинуваат голем дел од Владата, пишува „NL Times“. „Секогаш постои ризик ваквата речиси еднаква распределба меѓу мажите и жените да не трае. Но, …

Continue Reading

Невладините од Струмица ќе реализираат 26 проекти со финансиска поддршка од Општината

Невладините организации од Струмица до крајот на годината ќе реализираат 26 проекти со финансиска поддршка од Општината од локалниот економски развој и туризам, заштита на животната средина, култура и млади, социјална и детска заштита и од Програмата за еднакви можности меѓу жените и мажите. Ова го соопшти градоначалникот Костадин Костадинов на денешната средба со претставници на здруженија на граѓани и …

Continue Reading