Ковачевски: Создаваме европски услови за граѓаните и ја поврзуваме државата со Европа

– Создаваме европски услови за живот на граѓаните, овде, во државата и ја поврзуваме Република Северна Македонија со Европа, а пример за посветеноста е експресниот пат што се гради од Дреново до Клучката Градско, дел од коридорот 10-д, рече премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска со амбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир, како и министерот за транспорт и врски, Благој …

Continue Reading

Поранешниот шеф на косовското разузнавање осуден на четири години и осум месеци затвор за случајот „Ѓуленисти“

 – Основниот суд во Приштина денеска го осуди поранешниот шеф на Агенцијата за разузнавање на Косово (АКИ), Дритон Гаши, на четири години и осум месеци затвор за случајот познат како „Ѓуленисти“, јави дописникот на МИА од Приштина. Невладината организација која ја следи работата на судовите и судските процеси, „Заклетва за правда“ (“Betimi për Drejtësi”) објави дека од обвинувањата за случајот …

Continue Reading

Кина почна подготовки за воена вежба со Русија

 – Кинеското Министерство за одбрана соопшти дека бродови на кинеската морнарица почнале подготовки за заедничка вежба со руските поморски сили. Во вежбата учествуваат повеќе од 10 бродови и повеќе од 30 авиони, јавија кинеските медиуми. Министерството соопшти дека во вежбата учествуваат разурнувачите со наведувани ракети „Чичихар“ и „Гујанг“, фрегатите со наведувани ракети „Заожуанг и Рижао“ и бродот за снабдување „Таиху“. Според …

Continue Reading

Грковска: Покрај опомена за Груби ќе разгледам и други мерки, за Бектеши се чека да реферира

 – Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска најави дека на вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби ќе му биде повторно изречена опомена за непочитување на етичкиот кодекст на однесување поради одржувањето партиски средби на лидерот на ДУИ со Вајмарската тројка во неговиот кабинет, а можни се вели, …

Continue Reading

Преку програмата ReLOaD2 во Куманово одобрени четири проекти

– Уредување, промоција и заштита на Бислимската клисура“, „Планинарска инфраструктурна основа за туризам и здрави навики“, „Спортски можности за сите“ и „Жени за одржлив економски развој преку рурален туризам“ се четирите проекти коишто поддржани во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2), финансирана од Европската Унија, која ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации …

Continue Reading

Поднесена кривична пријава против 15 физички и три правни лица за „злосторничко здружување“, „даночна измама“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“

 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција денеска поднесе кривична пријава против 15 физички лица и три правни лица, и тоа против 11 физички лица за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ по чл. 394, од кои против девет за сторено кривично дело „даночна измама“ по чл. 279-А ст. 2, додека едно …

Continue Reading

МФ: Обезбедени 100 милиони евра од ЕБОР за поддршка за справување со енергетската криза

– Владата обезбеди 100 милиони евра поволни средства за поддршка на ЕСМ што е дел од активностите што се преземаат за справување со енергетската криза. Законското решение за да може овие средства да станат достапни на АД ЕСМ од Европската банка за обнова и развој беше поддржано вчера од страна на Собранието, соопшти Министерството за финансии. Донесувањето на Законот за …

Continue Reading

НП Шар Планина бара стопирање на градбата на две мали хидроелектрани кои добиле нов рок за изградба до 2024 година

 – Приватни фирми и понатаму прават обиди да продолжат со градење на две мали хидроелектрани, иако тоа е против планот за управување со заштитеното подрачје, соопштија денеска на прес – конференција од Јавната установа Национален парк Шар Планина. Вработените на терен стопирале геодетски работи предвидени за продолжување со градба на тие објекти, по што одржале состанок со претставниците на фирмите …

Continue Reading

МЗШВ: Прифатени сите барања на потсекторската група за жито, домашната пченица ќе се откупи за стокови резерви

– Владата на вчерашната седница, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се усвои Информацијата за состојбата со очекуваното производство и планираниот откуп на пченица, род 2023 година, соопшти МЗШВ. Владата ја задолжи Агенцијата за стокови резерви, планираната јавна набавка на 15.000 тони пченица, за потребите на стоковите резерви, наместо во еден, да ја подели во пет лотови …

Continue Reading