Забрана за вршење дејност на 30 работодавачи поради непочитување на мерките за топлото време

 – Од извршени 164 надзори најчесто во дејности каде што изложеноста на топлинската енергија е најголема, кај 30 работодавачи е издадено решение за забрана за вршење на дејноста, информира денеска министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска. Таа при денешната посета на детската градинка „Кочо Рацин“ во рамки на кампањата „Здрав оброк за секое дете“, одговорајќи на новинарско прашање рече …

Continue Reading

Зголемена потрошувачката на вода во Велес

– Потрошувачката на вода за пиење во Велес и околните населби кои се снабдуваат со вода од Градскиот водовод е зголемена на 11 литри во секунда. Односно, од минатонеделните 178 литри во секунда, потрошувачката е зголемена на 189 литри. – Ова е резултат на пеколните горештини во изминативе денови од средата до денеска што предизвикаа и зголемените потреби на граѓаните …

Continue Reading

Фон дер Лајен ја осуди одлуката на Кремљ за повлекување од договорот за жито

 – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, остро ја осуди како „цинична“ одлуката на Москва за прекин на важењето на договорот за извоз на украинско жито, што е клучно за исхраната во светот. „Остро ја осудувам циничната одлука на Русија да го прекине договорот и покрај напорите на ОН и Турција. Европската унија работи на обезбедување храна за ранливите …

Continue Reading

Спикерот Коњуфца обвинет за тепачката во Собранието на Косово

 – Советот за заштита на човековите права и слободи на Косово (КМДЛЊ) оцени дека инцидентот што се случи на последната седница на Собранието на Косово можеше да се избегне доколку се менаџираше подобро состојбата и се почитуваше собранискиот деловник од страна на претседателот на Собранието, Глаук Коњуфца, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешното соопштение по повод тепачката што се …

Continue Reading

Во штипскиот Основен суд заврши доказната постапка за сообраќајна несреќа во која загинаа сопружници

 – Во штипскиот Основен суд денеска заврши доказната постапка, но и завршните зборови против еден од обвинетите за сообраќајната несреќа, што се случи лани на регионалниот пат кој поминува низ населбата Балканска, а животот го загубија брачна двојка. За несреќата беа обвинети две лица, едното од нив ја има признато вината и за него е донесена пресуда со казна затвор од …

Continue Reading

Вон контрола пожарот во источниот дел на областа Атика, превентивно евакуирани четири населби

– Преку порака од бројот 112 за итни случаи беше побарано од жителите на четири населби во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина превентивно да се евакуираат поради големиот пожар што сè уште не е ставен под контрола, а неофицијално огнените јазици веќе се блиску до домови, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на противпожарна служба …

Continue Reading

Шведската Влада презентираше план од 522 милиони евра за обнова на Украина

 – Шведската Влада денеска го презентираше повеќегодишниот план за помош и реконструкција за Украина, вреден шест милијарди круни (околу 522 милиони евра). „Од 1 јули 2023 година до 31 декември 2027 година, на Украина ќе и бидат доделени шест милијарди круни како дел од „историската стратегија“, изјави за новинарите шведскиот министер за надворешна трговија и меѓународна помош Јохан Форсел. Според него, …

Continue Reading

Во Брисел почна објаснувачкиот скрининг за Кластер 5 – Ресурси, земјоделство и кохезија

– Делегација на Северна Македонија, заедно со делегација на Република Албанија, од денеска до 20 овој месец во Брисел ќе го следи објаснувачкиот скрининг за Кластер 5, „Ресурси, земјоделство и кохезија“. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП), станува збор за многу важен и обемен кластер кој регулира пет поглавја поврзани со економскиот развој на земјата како што се: …

Continue Reading

Јавниот обвинител Јовески на средба со членовите на ДКСК

 – Јавниот обвинител на Република Македонија Љубомир Јовески денеска, на сопствена иницијатива, остварил средба со членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). На средбата, соопштија од Jавното обвинителство на Република Северна Македонија, во рамки на активностите за зајакнување на националниот фронт за борба против корупцијата, двете институции ги разгледале можностите за дополнително унапредување на меѓусебната соработка. – Јовески …

Continue Reading