Во прекин сообраќајот кај Плетвар поради сообраќајка

Поради сообраќајна незгода, сообраќајот на магистралниот пат А1 Градско-Прилеп, кај Плетвар, е во прекин. Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека сообраќајот е во прекин попладнево од 17:25 часот.

Continue Reading

Меси претставен пред 20.000 навивачи

Американскиот фудбалски клуб Интер од Мајами пред 20.000 накиснати, но еуфорични навивачи, го претстави своето најголемо засилување, седумкратниот освојувач на Златната топка, Аргентинецот Лионел Меси. Ниту дождот, ниту грмотевиците не го спречија илјадниците навивачи да се соберат на стадионот во Мајами за да го пречекаат аргентинската ѕвезда, чија официјална промоција доцнеше околу еден час поради лошите временски услови. „навистина сум …

Continue Reading

Челзи потпиша со бразилски тинејџер

Лондонскиот премиерлигаш Челзи потпиша договор со 19-годишниоѕ бразилски крилен напаѓач Анџело Габриел од Сантос. Во октомври 2020 година, со 15 години и 308 денови, Габриел стана најмладиот играч во историјата на бразилската прва лига, кога дебитираше против Флуминенсе. Од своето деби, Габриел собра 129 натпревари во дресот на Сантос и постигна пет голови. Габриел, воедно, е и најмладиот стрелец во …

Continue Reading

Милиони ќе ја „платат цената“ на руското повлекување од договорот за жито со Украина

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави денеска дека милиони луѓе кои се соочуваат со глад ќе ја „платат цената“ на одлуката на Русија да се повлече од договорот за жито со Украина. Тој во изјава во седиштето на Обединетите нации во Њујорк нагалси дека потегот на Москва „ќе им нанесе удар насекаде на луѓето кои имаат потреба“. „Стотици милиони …

Continue Reading

Вархеји: Посветени сме на брза имплементација на Новата стратегија за раст за Западен Балкан

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска објави дека со премиерите на Албанија, Србија, Северна Македонија и Црна Гора разговарал за новата стратегија за раст за Западен Балкан. „Посветени сме на брзо спроведување на овој план за конвергенција“, напиша Варгели на Твитер. Тој додаде дека албанскиот премиер Еди Рама го поканил во Тирана да разговараат за забрзување на интеграцијата на …

Continue Reading

Ѓорческа напредуваше 25 места на ВТА листата

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа оваа недела напредуваше на двете ранг листи. Во поединечна конкуренција со пласманот во полуфиналето на фјучерс турнирот во Рим освои 29 поени и со 323 поени се наоѓа на 224 место, напредувајќи за 25 позиции. Во конкуренција, пак, на двојки Ѓорческа со пласманот во финалето од минатата недела во Лиепаја и 48-те поени и го …

Continue Reading

Пацоли: Незаминувањето на Курти на лидерската средба во Тирана е радосна вест за Србија

Лидерот на партијата Алијанса ново Косово (АКР), поранешниот претседател на државата, Беџет Пацоли смета дека незаминувањето на премиерот Албин Курти на балканската лидерска средба во Тирана, свикана од премиерот на Албанија, Еди Рама, е радосна вест за Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Пацоли преку својата страница на Фејсбук оцени дека одлуката на косовскиот премиер да ја одбие поканата …

Continue Reading

Бун со три пораки и уверување дека по уставните измени нема да има нови барања од Бугарија, ниту од друга земја

Северна Македонија припаѓа на семејството на ЕУ, одлуката е во ваши раце, сега треба да се направи чекорот, се трите конкретни пораки што ги упати денеска државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција Лоранс Бун на заедничката прес-конференција по средбата со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и останатите претставници од „Вајмарската тројка“, министерката за …

Continue Reading

Руски воен тренажен авион Су-25 се урна во Азовското Море

Руски воен тренажен авион Су-25 се урна денеска во Азовското Море кај Јејск, соопштено е преку Телеграм каналот од Оперативниот штаб на Краснодарската територија. Су-25 е оклопен, субсоничен борбен авион дизајниран за директна поддршка на копнените сили над бојното поле и уништување на објекти со дадени координати во сите временски услови, дење и ноќе. „Околу 15 часот стигна информација дека …

Continue Reading