Левица: Државата мора да го преземе стопанисувањето со струјата за домаќинствата

Лиценцата на ЕВН Хоум за вршење на енергетска дејност снабдување со електрична енергија истекува на 1 јули 2024 година. Улогата на „Универзален снабдувач и снабдувач во краен случај“ мора да ја преземе државната компанија ЕСМ Продажба за да престанат народните пари да се одлеваат во странските џебови. Државата треба и мора да ги стопанисува производството, дистрибуцијата и преносот, како и …

Continue Reading

Русија тврди дека Украина, САД и Британија се одговорни за нападот на мостот на Крим

Русија денеска ја обвини Украина дека го нападнала мостот на Крим што ја поврзува Русија со полуостровот Крим, додавајќи дека во инцидентот се вмешани и Велика Британија и САД. „Денешниот напад на мостот на Крим го изврши режимот во Киев. Овој режим е терористички и ги има сите обележја на меѓународна организирана криминална група“, изјави портпаролката на руското Министерство за …

Continue Reading

СБУ по експлозијата на Кримскиот мост: „Се ќе објавиме по победата“

Украинските безбедносни служби издадоа официјално соопштение во врска со нападот на мостот во Керч, во кое не признаа отворено дека „нивната безбедносна агенција СБУ стои зад инцидентот“. Но, во соопштението на СБУ се навестува улогата на официјален Киев во нападот на мостот Керч, што ги поврзува полуостровот Крим со руската Краснодарска област. „Сите детали во врска со експлозијата ќе бидат …

Continue Reading

Ивановски со најдобар рејтинг на АТП-листата

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски направи скок од 39 позиции на АТП-листата. Тој го бележи својот најдобар пласман – 331-во место на најновата АТП-листа објавена денес. Прогрес има и најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа која се најде на 224.место на ВТА ранг-листата. Ѓорческа напредуваше 25 места. Лидер на АТП листата е Карлос Алкараз (Шпанија), пред Новак Ѓоковиќ (Србија) и Данил …

Continue Reading

Намален водостојот на Преспанското Езеро

За еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Со тоа, водостоите на Преспанското и на Дојранското Езеро се пониски од просекот за јули и тоа за 91 сантиметар кај Дојранското, за 1,83 метри кај …

Continue Reading

Во кинескиот град Санбао, во провинцијата Синџијанг, измерени 52,2 степени Целзиусови

Градот Санбао, во провинцијата Синџијанг, на северозападот од Кина, вчера регистрира рекордно висока температура во земјата од 52,2 степени Целзиусови. Според извештаите, се очекува рекордната жештина да трае уште најмалку пет дена. Претходниот рекорд од 50,3 степени Целзиусови беше измерен во 2015 година во близина на Ајдинг, во Синџијанг, во депресија на повеќе од 150 метри под нивото на морето, …

Continue Reading

Заловување на бездомни кучиња во општина Аеродром

Јавното претпријатие Лајка од денес започнува со стратешко заловување на кучиња во општина Аеродром. Нивните тимови, како што информираа од Лајка, ќе бидат на терен до петок во реоните Долно Лисиче, Горно Лисиче,  населба Лисиче, Ново Лисиче, Тодор Чангов, Јане Сандански, Реонски центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово. Заловувачките тимови ќе ги заловат сите бездомни кучиња  во овие реони кои …

Continue Reading

Константинов: Експлозијата на мостот Керч е „акт на тероризам“

Ноќешната ескплозија  на мостот Керч, што ги спојува полуостровот Крим и Краснодарската област, локалните руски власти ја оценија „акт на тероризам“, јави ДПА. Инцидентот, што локалната администрација претходно го опиша како „вонредна состојба“, предизвика запирање на сообраќајот на овој многу фрекфентен мост. Украинската тајна служба – СБУ во денешниот коментар по експлозијата на мостот што го пврзува полуостровот Црно Море …

Continue Reading

Симиќ во идеалните пет на шампионатот во Скопје

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Теодор Симиќ, во гласањето на тренерите на сите 20 селекции е избран во најдобрата петорка на Европското првенство во Скопје. Финалниот меч против Чешка, Симиќ го заврши со 23 поени, седум скока и четири асистенции, а просекот на првенството му е 16 поени, 9.1 скок и 2.9 асистенции. Освен Симиќ, во идеалната петорка на евро-шампионатот Б-дивизија се …

Continue Reading