Запалено возилото на началникот на СВР-Штип

Рано изутрината на паркинг на улицата „Ванчо Китанов“ настанал пожар на возило марка „ауди5“, чиј сопственик е  началникот на СВР-Штип, Боби Гидиоски. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврдува дека во населбата Сењак е опожарено едно возило, а пријавата е од граѓанин во 03:01 часот. Веднаш е повикана Територијалната Противпожарната едница-Штип, на самото место интервенирале пожарникарите и не дозволиле огнените јазици …

Continue Reading

Кремљ: Договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море престанува да важи

Договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море денеска престана да важи и нема да биде продолжен бидејќи не е исполнет делот од него што се однесува на Москва, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Денеска престана да важи Црноморскиот договор за жито. Како што претходно најави претседателот на Русија, по неговото истекување на 17 јули, договорот …

Continue Reading

Родителски зборови што ја повредуваат личноста на детето

Родителите честопати на своите деца несвесно им кажуваат нешта што може да бидат многу штетни за личноста во развој, предупредуваат психолозите. За „Хафпост“ (HuffPost), неколку стручњаци издвојуваат дел од тие штетни изрази и реченици што секој родител треба да се обиде да ги отстрани од својот речник, бидејќи на детето му нанесуваат повеќе штета отколку добро. „Не е тоа ништо …

Continue Reading

Меџити за МИА: Од денеска ја почнуваме процедурата за формирање на ново движење

Изет Меџити, еден од членовите на досегашната фракција внатре во ДУИ и пратеник, за МИА потврди дека од денеска ја почнува процедурата за формирање на ново движење. – Се уште не сме размислувале за името на движењето. Дебатата е отворена и очекуваме да стигнат иницијативи од граѓаните, изјави Меџити за МИА. Во петокот за албанската телевизија „Визион плус“, Меџити истакнал …

Continue Reading

Лула да Силва: Договорот со ЕУ треба да биде избалансиран

„Би сакале да имаме договор што ќе го зачува капацитетот на различните страни да одговорат на идните и сегашните предизвици“, изјави денеска бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, изложувајќи ги своите идеи за финализирање на трговскиот договор меѓу Европската унија и латиноамериканскиот трговски блок Меркосур, јави ДПА. Земјите од Латинска Америка и Карибите „бараат инвестиции во инфраструктурата, разновидна логистика, …

Continue Reading

ЕУ претстави Глобална инвестициска агенда за Латинска Америка и Карибите

ЕУ денеска ја претстави Глобалната инвестициска агенда за Латинска Америка и Карибите, посветена на спроведувањето фер зелена транзиција и инклузивна дигитална трансформација, развој на човечките потенцијали и зајакнување на задравствените системи, за што се предвидени над 45 милијарди евра до 2027 година. Говорејќи на Бизнис форумот, што се одржува во рамки на денеска започнатиот дводневен Самит на лидерите на ЕУ …

Continue Reading

Украина врати 18 квадратни километри територија

Украина денеска соопшти дека минатата недела повторно зазела 18 квадратни километри територија од руските сили, вклучително и седум квадратни километри околу разурнатиот град Бахмут на истокот од земјата. – Во текот на минатото недела, како резултат на подобреното оперативно (тактичко) позиционирање на линијата на фронтот кон Бахмут, ослободена е територија од седум квадратни километри, се вели во соопштението на украинската …

Continue Reading

Кај 30 работодавачи изречена забрана за вршење на дејност поради непочитување на мерките за топлото време

Од извршени 164 надзори најчесто во дејности каде што изложеноста на топлинската енергија е најголема, кај 30 работодавачи е издадено решение за забрана за вршење на дејноста, информира денеска министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска. Таа при денешната посета на детската градинка „Кочо Рацин“ во рамки на кампањата „Здрав оброк за секое дете“, одговорајќи на новинарско прашање рече …

Continue Reading

Системот за лиценцирање на АСО ги исполнува меѓународните стандарди за борба против перење пари и финансирање тероризам

Комитетот на експерти „Манивал“ (MONEYVAL) на Совет на Европа за спречување на перење пари и финансирање на тероризам оцени дека системот за лиценцирање и супервизија на Агенцијата за супервизија за осигурување (АСО) има значително подобрување од последната евалуација во 2014 година и ги исполнува меѓународните стандарди за борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот, информира денеска во соопштение АСО. …

Continue Reading