Во тек е Балканското првенство во одбојка на песок во Штип

Втор ден на натпреварите од Балканското првенство во одбојка на песок, чиј домаќин е градот Штип. Манифестацијата традиционално се одржува секоја година, а годинава организацијата е доделена на нашата држава. На Првенството се играат 32 натпревари во машка и женска конкуренција, кои ги судат локални судии. Големиот интерес за првенството го покажаа полните трибини во СЦ Џексон, од каде публиката …

Continue Reading

Реакција од СДСМ на изнесените ставови на Мицкоски за Иловица

15 јули 2023 Проблемот со Иловица го создадоа ДПМНЕ и Груевски, на кого Мицкоски му беше советник Безобразие е Мицкоски од криминалната ДПМНЕ која го создаде проблемот да зборува за Иловица. Проблемот со Иловица го создаде токму неговата ДПМНЕ, неговиот Никола Груевски на кого му беше советник. Во 2012 и 2013 година се започнати сите постапки за Иловица и доделени …

Continue Reading

Мицкоски: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира по 1 милион евра годишно за реализација на капитални инвестиции во Демир Хисар

Она кое што од вчера почнав да го најавувам во Прилеп како директна алокација на средства од централниот буџет за реализирање на капитални проекти во општините во Македонија, ќе биде секако и за Демир Хисар, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Како што пренесуваат од ВМРО-ДПМНЕ, при увидот на градежни активности на улица „1-ви Мај“ во Демир Хисар, во рамките …

Continue Reading

Македонските ракометарки со триумф над Хрватска го избегнаа последното место на Европското јуниорско првенство

Македонската женска ракометна јуниорска репрезентација ја совлада попладнево Хрватска со 31-26 и го заврши настапот на Европското првенство во Романија на претпоследното 15. место. По шесте последователни порази, македонските ракометарки денеска во Миовени за противник ја имаа Хрватска во натпревар во кој двете репрезентации посакуваа со победа да го избегнат последното место на Европското првенство. Македонските ракометарки беа поквалитетни на …

Continue Reading

Украинската Амбасада во Софија со остра реакција на коментарот на Радев: Сакаме мир, но агресорот инсистира да води војна

„Украина е таа која најмногу сака мир, а агресорот е тој кој инсистира да води војна! Таков став до медиумите во Бугарија испратија од Амбасадата на Украина во Софија. Нивната рекација е по вчерашната изјава на бугарскиот претседтаел Румен Радев дека Киев инсистира на војна за која Европа ја плаќа сметката. Дипломатското претставништво потсетува дека Украина е таа која страда …

Continue Reading

Протест во Струмица против отворање на рудник во Иловица и Штука

Со блокирање на централната градска крстосница во Струмица активисти и граѓани од Струмичко и регионот го искажаа своето незадолство од одлуките на судовите и Владата за спојување на концесиите експлоатација на минерални суровини на локалитети во општините Босилово и Ново Село за отворање рудник. На протестната блокада беа истакнати барања за раскинување на концесиите, како и утврдување одговорност за сите …

Continue Reading

Традиционална Петровденска средба на поетите од државата во Кочани

Традиционална Петровденска средба на поети од целата држава се одржа денеска на локалитетот „На дабот“ кај кочанското село Бели, а организатор беше литературниот клуб „Копнеж“ во состав на библиотеката „Искра“. Поетската средба е продолжување на поранешната културна манифестација „Петровденски конаци“, како дел од програмата на Општина Кочани за одбележување на празникот на градот – Петровден. -Со оглед што одбележувањето на …

Continue Reading

Во музејот „Маруби“ во Скадар ќе биде отворена изложба за браќата Манаки

Во Националниот музеј на фотографии „Маруби“ во северниот албански град Скадар, на 21 јули ќе биде отворена изложба на дела на познатите браќа Манаки од Битола -филмаџиите кои го „набљудувале“ Балканот, објави музејот на Фејсбук. Оваа активност се реализира во соработка со Државниот архив на Република Северна Македонија – Одделение во Битола. Според музејот добрата соработка „ќе ја донесе изложбата …

Continue Reading

Дел од општина Чаир без вода

Без вода денеска од 14 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Клинска Леса“, „Серава“ и дел од булеварот „Никола Карев“. Како што соопшти ЈП „Водовод и каналиазција“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект на улица „Кумбара“ бр. 1. Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.

Continue Reading