Анкета: Американците се песимисти за состојбата на американската демократија

Само еден од десет возрасни Американци би дал висока оценка за тоа како функционира демократијата во државата или како таа ги застапува интересите на мнозинството Американци, според најновото истражување на јавното мислење на Асошиејтед прес и Центарот за јавно истражување НОРЦ. Повеќето испитаници велат дека американските закони и политика прават прилично лоша работа во претставувањето на она што го сакаат …

Continue Reading

Украинска гранична служба: Припадници на групата „Вагнер“ пристигнаа во Белорусија од Русија

Украинската гранична служба (ДПСУ) денеска потврди дека припадници на приватната воена група „Вагнер“ пристигнале во Белорусија од соседна Русија, јави Би-би-си. ДПСУ наведува дека во тек е проценка за бројноста на тие припадници во Белорусија,  како и нивната точна локација и цели. Во непотврдена информација се наведува дека конвој од околу 60 возила со припадници на „Вагнер“ рано утрово ја …

Continue Reading

„Да ги чуваме нашите шуми“ – превентивни активности на СВР Тетово во рамки на кампањата „Безбедно лето“

Полицајците од Отсекот за превенција при СВР Тетово, претставници на Шумска полиција и ЈП „Национални шуми“ спроведоа повеќе планирани превентивно-едукативни и информативни активности насловени „Да ги чуваме нашите шуми“ како дел од кампањата „Безбедно лето“. На неколку пунктови во Тетово на граѓаните им делеа наменски изработени летоци на македонски и албански јазик. -.Во летоците се поместени информации и пораки што …

Continue Reading

Највисокиот украински командант во интервју ги призна напади врз руска територија

Главниот командант на украинските сили Валериј Залужни во интервју за американскиот Вашингтон пост призна дека имало украински напади врз руска територија. „Тоа е наш проблем и од нас зависи како да го уништиме овој непријател. Во војна е можно и неопходно да се убие на територијата на непријателот“, рече тој. Артилериски оган и оган од беспилотни летала од Украина се …

Continue Reading

Во Велес нови контејнери за електронски отпад

Нови контејнери за електронски отпад се поставени на 12 локации во Велес. Како што информира градоначалникот на Велес Марко Колев  во соработка со компанијата „НУЛА ОТПАД“ од Скопје во наредниот период во градот ќе се постават дополнително уште 12 вакви контејнери за собирање и понатамошно рециклирање на електронскиот отпад. -Здравата животна средина е наше право, но и обврска. Да ја …

Continue Reading

Соопштение на СПМ за отварање на рудникот Иловица-Штука

Скопје, 15 јули 2023 Социјалистичката партија на Македонија оценува дека спојувањето на концесии за отварање на рудникот Иловица-Штука Владата го прави спротивно на законите за минерални суровини и за заштита на животната средина. Отварање на рудници за бакар и злато во Струмичката котлина е колонијален однос на власта и срамна експлотација на народот и народното богатство. СДС поддржувајќи ги интересите …

Continue Reading

Штипскиот студентски дом има 236 слободни места

Во државниот дом „Браќа Миладиновци“ во Штип има места за сместување на 236 студенти, а 112 места има и во два приватни домови во Штип. – Ние како студентски дом „Браќа Миладиновци“ располагаме со 236 легла, од кои 20 проценти, или некаде околу 44 легла се предвидени за бруцоши и тие ќе бидат пополнети некаде во месец септември. Останатите очекуваме …

Continue Reading

Почина родилката која имаше обид за самоубиство на ГАК

Родилката која пред околу две недели имаше обид за самоубиство на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје (ГАК) почина вчера, потврдуваат од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) за МИА. Триесет и девет годишната родилка била донесена во ГАК во 36-та недела од бременоста. Било констатирано дека се работи за предвремено одлепување на постелката што ги …

Continue Reading

Литванецот Гиедраитис седмо засилување на Црвена ѕвезда

Литванскиот кошаркар Рокас Гиедраитис е најновото, седмо по ред засилување на Црвена ѕвезда во летниот преоден рок, објави денеска белградскиот клуб. Гиедраитис настапуваше изминатите три сезони за шпанска Басконија, а во Црвена ѕвезда потпиша едногодишен договор. Изминатата сезона 30-годишниот Литванец имаше просек од 10.4 поени, 5.9 скокови и 1.6 асистенции по натпревар во Евролигата. Гиедраитис е седмото засилување на Црвена …

Continue Reading