Англија постави рекорд на патот до европската титула за фудбалери до 21 година

– Со нов рекорд од шест натпревари без примен гол англиската фудбалска репрезентација до 21 година триумфираше на Европското првенство и ја освои првата титула на Стариот континент по пауза од 39 години. Во драматично финале кое се одигра синоќа во грузискиот град Батуми, Англија ја совлада Шпанија со голот на Куртис Џонс во судиското продолжение на првото полувреме, а возбудувањата …

Continue Reading

За пет години во државните универзитети во Албанија 22,3 илјади студенти помалку

– Секоја година се помалку студенти има во државните универзитети во Албанија, што го потврдуваат и податоците на државниот Институт за статистика, ИНСТАТ, според кого, во однос на 2018 година, бројот е намален за 19,7 отсто, или за околу 22,3 илјади студенти. -Постепеното стареење на населението кое ја намали младата возрасна група, заедно со иселувањето на младите, се сметаат за главни …

Continue Reading

Русија го повикува НАТО на Самитот да разговара за украинската нуклеарна централа Запорожје

 – Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска изјави дека лидерите на НАТО предводени од САД на самитот што ќе се одржи идната недела, треба да разговараат за украинската нуклеарна централа Запорожје. Лидерите на НАТО ќе се сретнат во Вилнус на 11 и 12 јули за да разговараат за широк спектар на теми, од поделбите околу кандидатурата на …

Continue Reading

Нормализирано водоснабдувањето за корисниците од ул. „Бутелски Венец“ и дел од ул. „Вашингтонска“

– ЈП Водовод и канализација-Скопје информира дека во 10 часот и 40 минути уличниот дефект од 80mm на ул. „Бутелски Венец“ 81,е саниран и е нормализирано водоснабдувањето. Прекинот со водоснабдувањето од 9 часот утрово имаа корисниците од ул. „Бутелски Венец“ и дел од ул. „Вашингтонска“ поради санирање на уличен дефект.

Continue Reading

Гутереш го осуди воздушниот напад во Судан во кој загинаа најмалку 22 лица

 – Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш го осуди вчерашниот воздушен напад во Судан во кој загинаа најмалку 22 лица, стои во денеска објавеното соопштение на портпаролот на ОН, Фархан Хак. Најмалку 22 лица загинаа, а многумина се повредени во воздушен напад на суданската армија во западен Омдурман, соопшти вчера Министерството за здравство во Картум, додека војната меѓу воените фракции …

Continue Reading

Санкционирани 51 возач под дејство на алкохол на територијата на СВР Битола

– МВР соопшти дека во рамки на вчерашната контрола на територијата на СВР Битола, спроведена од 23.00 – 05.00 часот, се санкционирани 51 возач зашто биле под дејство на алкохол. Според МВР, за време на контролата биле санкционирани и 47 други видови прекршоци.

Continue Reading

Герасимовски: Исчистена дивата депонија кај Паркот на новинари, службите се погрижија за бездомниците

Општина Центар ја исчисти дивата депонијата во Паркот на новинарите спроти Министерството за образование, а надлежните служби се погрижија  за групата бездомници која беше незаконски населена во Паркот. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски се заложи Центарот за социјални работи да ги згрижи седумте деца  на возраст од 1 до 7 години кои во паркот во импровизирано живеалиште беа со …

Continue Reading

Градот Скопје и „Комунална Хигиена“ итно да изнајдат решение за собирање на сметот во Аеродром

Обврска и одговорност на секој менаџер, вклучително на директорите на јавните претпријатија и градоначалникот на Град Скопје е да воспостават и одржуваат систем за соодветно менаџирање на ресурсите со кои располагаат и на таков начин да обезбедат квалитетна услуга за граѓаните. Чистотата, јавната хигиена и одржување на здрава животна средина е јавен интерес од кој сите имаме бенефит Делот на …

Continue Reading

Николоски: Колку помалку криминал и корупција во власта, толку помалку уцени од Бугарија

Темата за криминалот и корупцијата како никогаш претходно е тема број еден во Македонија. СДСМ и ДУИ влегоа во седма година заедничка власт, која од првиот ден е карактеризирана со големи корупциски скандали и целосно уривање на правната држава, како и одбивањето да се воведе функционален систем на владеење на правото и да се удри по криминалот и корупцијата. Ако …

Continue Reading